Општина Штип обезбеди финансиски средства за реконструкција на кровот на клон Развигорче

Општина Штип обезбеди финансиски средства за реконструкција на кровот на клон Развигорче, а истиот објект ќе стане и енергетски ефикасен, на кој со поставување на сончеви панели на кровот, ќе се генерира електрична енергија за потребите на градинката. Грижата за најмладите ни е секогаш на прво место, затоа посветено работиме во интерес на нив!

Дом на млади со ново руво по цели 33 години!

Летната тераса е целосно реконструирана, а легендрната група “Леб и сол“ вечерва со концерт и официјално ќе ја отвори летната сезона, музички концерт на кој ќе ги одсвират своите најголеми хитови. Дом на млади е институција која низ времето оставила белег на овој град, а ние како локална самоуправа имаме за цел да го вратиме…

Општина Штип успешно го заврши Проектот за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите

Општина Штип успешно го заврши Проектот за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите, финансиран од УСАИД и доби признание како една од најуспешните во Македонија во делот на зголемување на приходите и извршување на буџетот.

Соопштение за организирање на повторна јавна презентација и јавна анкета по изготвена измена и дополнување на детален урбаннистички план за дел од уе 27, дел од населба автокоманда општина штип

⇓ СООПШТЕНИЕ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ПОВТОРНА ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА ПО ИЗГОТВЕНА ИЗМЕНА И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ДУП ЗА ДЕЛ ОД УЕ27, ДЕЛ ОД НАСЕЛБА АВТОКОМАНДА, ОПШТИНА ШТИП ⇓ ОДЛУКА ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ПОВТОРНА ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА ПО ИЗГОТВЕНА ИЗМЕНА И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ДУП ЗА ДЕЛ ОД УЕ27, ДЕЛ ОД НАСЕЛБА АВТОКОМАНДА, ОПШТИНА…

Штип до крајот на годината ќе добие модерен и репрезентативен стадион

Штип до крајот на годината ќе добие модерен и репрезентативен стадион со категоризација за натпревари и од највисок ранг. Денес се започнува со внатрешно уредување и изведба на нова пристапна улица и нов влез со дополнителни паркинг места, а според динамиката на градежните работи до почетокот на новата сезона се очекува да биде завршена западната…

Во Штип денеска се одбележаа 120 години од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев

Визионерот кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите, оставајќи аманет да продолжиме да ги негуваме неговите идеали за Македонија. Вечна му слава на апостолот на македонското револуционерно движење.

Реконструкција на тротоарите на влезот од градот на ул.”Партизанска”

Според планираната динамика, денес беше започната реконструкција на тротоарите на влезот од градот на ул.”Партизанска”. Како што беше и најавено, Општина Штип продолжува интензивно да работи на изградба и реконструкција на нови пешачки површини, кои ќе обезбедат слободно и безбедно движење на пешаците!

СООПШТЕНИЕ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ПОВТОРНА ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА НА ПРЕДЛОГ ПЛАН ИЗМЕНА И НАДОПОЛНУВАЊЕ НА ДУП ПОРАНЕШНА МАКЕДОНКА

⇓ ИЗМЕНА И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ДУП ЗА ПОРАНЕШНА ПИ МАКЕДОНКА ДЕЛ ОД УБ 65, 67 И 68 СО ОПФАТ НА УП БРОЈ 20, 21, 23 И 25, ОПШТИНА ШТИП ⇓ СООПШТЕНИЕ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ПОВТОРНА ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ПРЕДЛОГ ПЛАН ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА ДУП ПОРАНЕШНА ПИ МАКЕДОНКА УБ 65,…

Денес навршуваат 82 години од бомбардирањето на градот Штип

Денес навршуваат 82 години од бомбардирањето на градот, а Штип се сеќава на пролеаната крв и на жртвите за денешната слобода! Штипјани никогаш нема да ги заборават загинатите, а нашата обврска е да ја продолжиме мисијата кон подоброто и човечното, искористувајќи ги најдобро можностите што ни се дадени, благодарение на нашите бранители.