Новогодишна честитка од градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов

Почитувани мои штипјани, Како ја завршивме годината 2021, оставам да кажете вие. Како Градоначалник имав краток период од два месеци, во кој се вложив максимално во реализација на планираните активности на локалната самоуправа и остварување на ветувањата кои ги дадов пред моите сограѓани – дека ќе работам чесно и посветено, единствено во остварување на вашите…

Посета на општински институции и делење на пакетчиња

Денес градоначалникот Иван Јорданов заедно со Н.Е. Амбасадорот на Република Бугарија во Македонија и со претставник на здружението Адра, во неколку општински институции во Штип, поделија пакетчиња за најмалите и најмилите. Со ова темпо локалната самоуправа ќе продолжи и во наредните денови, ќе вдахнеме од новогодишната магија и кај социјално ранливите категории и ќе придонесеме…

Новогодишен базар

На Плоштадот “Слобода”, во организација на Општина Штип на 24 и 25 Декември се одржа Новогодишен базар. Настанот изобилуваше со многубројни музички артисти, кои со својата музика и настап примамија голем број на посетители. На самиот плоштад беа поставени новогодишни штандови на кои граѓаните ги изложија своите рачни изработки во новогодишен и божиќен дух. Сето…

Прием на учесниците на 18-та Меѓународна Јуниорска олимпијада по природни науки во Абу Даби

Во периодот од 12 до 21 декември 2021, се одржа 18-та Меѓународна Јуниорска Олимпијада по природни науки во Абу Даби, Обединети Арапски Емирати на која учествуваа 59 држави и 360 натпреварувачи, меѓу кои и учениците Марио Ванчоски и Иван Костевски, кои добија бронзени медали. Денес тие на иницијатива на Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов…

Средба со амбасадорката на САД во Република Северна Македонија, Н.Е. Кејт Брнс

Денес, Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов оствари средба со Н.Е. Амбасадорката на Обединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, Госпоѓа Кејт Брнс, на која разговараа за актуелните состојби во Општина Штип, можностите кои ги нуди Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, како и бизнис можностите и инфраструктурните капацитети на нашиот град.  

Чествување на празникот Свети Никола

По повод чествувањето на празникот Св. Никола 19ти декември, Општина Штип како и секоја година организира свечена академија за доделување на орден и признанија. Познатиот кардиолог и академик, проф. д-р Сашко Кедев, во соборниот храм Св. Никола во Штип беше одликуван со орденот “Свети Никола“ што општината го доделува секоја година на истакнати штипјани, кои…

Тематска трибина „СТОП за родово базираното насилство“

Во рамки на кампањата на светско и на национално ниво „16 дена активизам за борба против родово базираното насилство“, Општина Штип на 7 декември 2021 год се вклучи со организирање на тематска трибина „СТОП за родово базираното насилство“. Предавачи беа претставниците од три институции: од СВР- Штип, командир на полициска станица Драган Данев, од ЗГ…

Прием на младите борачи од БК „Олимпија“

На огромно задоволство на Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов, денес гости во неговиот кабинет  беа младите борачи од БК Олимпија, кои викендов на Меѓународниот турнир во борење за млади „Трофеј Победник 2021“ го закитија нашиот град со 7 златни, 2 сребрени и 2 бронзени медали. Градоначалникот истакна дека во надерниот период планира превземање на сериозни чекори за…

Средба со претставници од бизнис секторот

Денес Градоначалникот на Општина Штип – Иван Јорданов, заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицковски, остварија средба со претставниците на бизнис секторот од Штип, на која се разгледаа проблемите, потребите и можностите, како и за одлучноста за донесување на ГУП-от и формирање на Економски совет. После една година застој, ќе се овозможи да…

„16 дена активизам за борба против родово базирано насилство”

Во рамки на кампањата на светско и на национално ниво ,,16 дена активизам за борба против родово базирано насилство”, Општина Штип се вклучи со организирање на тематска трибина, на која предавачи беа претставници од три организации и институции, и тоа: СВР- Штип, Здружение на граѓани “ЕХО”  Меѓуопштинскиот Центар за социјални работи – Штип. Градоначалникот на Општина…