Прием на светскиот вицешампион во карате, Емил Павлов

Денес Градоначалникот Иван Јорданов оствари средба со штипскиот каратист Емил Павлов кој го освои сребрениот медал во категорија до 67 килограми на Светското првенство кое се одржа во Дубаи. Емил Павлов со своите 29 години, напорните тренинзи и поддршка од своите тренери го освојува цел свет. Со Градоначалникот Иван Јорданов поразговараа дека со упорна работа…

Увид на градежни активности Во Дом на млади – Штип

Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов, денес направи увид во градежните работи за реконструкција на кровот на Дом на млади. Посебно залагање на Градоначалникот е токму оваа институција која во наредниот период ќе биде мета на реконструкции и нови проекти. Наредниот период во Дом на млади ќе биде уреден и дворот во кој ќе се…

Јорданов седна во градоначалничката фотелја, доскорешниот градоначалник Николов денеска му ја предаде функцијата

Новиот штипски градоначалник Иван Јорданова вчера и официјално седна во градоначалничката фотелја, откако во првиот круг на локалните избори го победи својот противкандидат од СДСМ, Сашко Николов. Неговото доаѓање на чело на општината вчера беше проследено со пречек и громогласен аплауз од неговите сопартијци од ВМРО-ДПМНЕ кои во голем број се собраа пред општинската зграда.…

Увид во активности за реконструкција на сала во СОУ „Коле Нехтенин“

В.д. Градоначалникот на Општина Штип, Јане Миланов заедно со директорот на СОУ „Коле Нехтенин“, Дејан Павлов извршија увид во работните активности за реконструкција на спортската зала во СОУ „Коле Нехтенин“. После подолг период започнати се работни активности кои опфаќаат замена на под, замена на прозори и ново осветлување на спортската сала во средното училиште Коле…

Општина Штип во соработка со Секторот за внатрешни работи и здружението на граѓани Ехо спроведува едукативни предавања на тема „Биди другар а не насилкик“

Во рамките на Програмата за еднакви можности на жените и мажите за 2021 година предвидена е активност – едукативни предавања за спречување на насилство кај малолетни лица. За реализација на оваа активност инспектори од Одделението за превенција во СВР  Штип, одржуваат предавања во  сите основни училишта во општината. Предавањата се на тема малолетничко насилство или…

Споменик на хероите од конфликтот во 2001

Конфликтот од 2001 год. остави три Штипски семејства без своите храбри синови. На 4 март 2001год., капетанот Кирчо Димитровски (33) загина во реонот на село Танушевци. Беше оженет и зад себе остави два сина. На 3 мај 2001 год. околу 5:40 часот припадници на АРМ во село Ваксинце, Кумановско, влегоа во заседа од група терористи. Во престрелката смртно беа ранети двајца…

Споменик на Евреите

Во чест на депортираните Евреи од Штип во 1985 год. е подигнат споменик. Споменикот е дело на уметникот Методи Андонов и го симболизира животниот пат на Евреите. Линијата на животот е прекината на 11 март 1943 год. кога 551 лица се депортирани од Штип и убиени во концентрациониот логор Треблинка. Споменикот се наоѓа до зградата…

Споменик на паднатите од НОБ

Штипјани активно се вклучуваат во НОБ. Во екот на Втората светска војна во отпорот против фашизмот се вклучуваат околу 2000. При тоа околу 814 лица ги загубиле животите од кои 88 во директен судир со непријателот. Во чест на загубените животи во 1974 год. тогашното Собрание на Општина Штип подигна Меморијален споменик на паднатите борци…

Антички локалитет – Баргала

Античкиот град Баргала и понатаму е главен извор на материјал од антички период. Градот Баргала се споменува и во актите на Халкедонскиот собор од 415 год. Името на градот се споменува и на еден натпис од 371 год., кој претставува спомен – плоча за подигање градската порта. Плочата е најдена во месноста Ханче, на левиот брег на…