После 20 години, Штип и конечно ќе добие кино!

Заедно со Киноверзум, кој прераснува во единствениот македонски ланец на кина ќе го оствариме сонот на штипјани – да имаат можност да следат филмски проекции во сопствениот град. Современата технологија која ќе се инсталира, ќе овозможи прикажување на најновите холивудски и европски филмови во просториите на Општинскиот мултимедијален центар „Киро Глигоров“ во Штип.