Одбележување на 107 години од Брегалничката битка

Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски заедно со делегација од Општина Штип присуствуваше на одбележувањето на 107 години од Брегалничката битка кај месноста Каленица. На овој настан присуствуваа и делегација од Република Србија, односно Амбасадорката од Србија во Република Северна Македонија, Душанка Дивјак Томиќ и претставник од Владата на Република Србија. „Денес светот е…

Состанок на Општински штаб за заштита и спасување

Денеска, 28.07.2020 г., се одржа состанок на Општински штаб за заштита и спасување, на кој покрај државниот секретар во Министерство за здравство, Владимир Милошев и членот на Комисија за заразни болести, Сузана Маневска присуствуваа и претставници од: Општина Штип, Јавните претпријатија, претставник од ТППЕ Штип, ЦЈЗ Штип, Инфективно одделение при ЈЗУ Клиничка Болница Штип, Здравствен…

Online состанок со амбасадорката на САД во РСМ, Н.Е Кејт Брнс

Градоначалникот Благој Бочварски одржа состанок со Н.Е. Кејт Брнс, амбасадорката на САД  во Република Северна Македонија за моменталната состојба со Ковид 19 и предизвиците кои се исправени пред нас во однос на справувањето со овој вирус. Градоначалникот  ја информираше амбасадорката за сите превземени мерки на локално ниво и нашите очекувања за идниот период. Само заедно…

Увид во течението на река Брегалница

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски заедно со заменик министерот за локална самоуправа и просторно планирање, Јани Макрадули беа на увид по течението на река Брегалница. „Јас сум на страната на правдата и мора оваа работа да ја истераме до крај со цел да излезе вистината на виделина. За среќа бунарите на Општина Штип за…

Признание за Општина Штип за град на хуманоста за 2019 година

Вчера во Берово на манифестацијата “Најдоброто од истокот” во организација на здружението на новинари, на едно место во ова невообичаено време кое продолжува, а со цел на еден симболичен начин беа оддадени признанија на сите општествени чинители и ентитети кои на свој начин придонесуваат за унапредување на заедницата и регионот. Во последните неколку години, источниот…

Прес конференција во врска со вчерашните случувања во река Брегалница

Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски одржа прес конференција во врска со вчерашните случувања со реката Брегалница и со постапувањата на локалната самоуправа, во која ги изнесе следните информации: „Почитувани, Вчерашната слика во коритото на река Брегалница беше загрижувачка и застрашувачка поради очигледното истекување на бела течност во самото корито на река Брегалница. Веднаш…

Прес конференција во врска со актуелната состојба со вирусот Ковид 19

Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски одржа прес конференција во врска со актуелната состојба со вирусот Ковид 19 во Штип, во која ги кажа следниве податоци: „Почитувани граѓани, Во моментот во Штип го имаме третиот бран на Ковид 19 којшто го зголемува бројот на новозаразени. Во овој момент во Штипската клиничка болница имаме 50…

Реконструкција на фасада и кров на ООУ „Тошо Арсов“

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски заедно со директорката на ООУ „Тошо Арсов“, Фросина Маџарова извршија увид во започнатите припремни активности за реконструкција на фасадата на целото училиште и во спортската сала и кровот на целото училиште и спортската сала. Се работи за поголема капитална инвестиција која ќе даде нов изглед на училиштето и ќе…

Реконструкција на крстосница со нов кружен тек

Во населбата Сењак со пуштање на мостот и обиколницата се јави потребата од побезбедна крстосница која ќе ја регулира брзината на движење. ”За овие две ипол години ја решаваме седмата крстосница во делот на безбедноста . На крстосницата е монтиран за прв пат монтажен кружен тек, едно ново модерно решение” истакна градоначалникот Бочварски. Општина Штип…

Штип ќе добие модерен градски стадион

Фудбалската федерација на Македонија во соработка со УЕФА ги продолжува проектите за обнова и реконструкција на фудбалската инфраструктура во државата. Планот и намерата на Фудбалската федерација на Македонија е средствата од „хет-трик“ програмата на УЕФА, како и други средства од слични фондови на УЕФА и ФИФА, да бидат насочени кон подобрување на условите на стадионите…