Општина Штип со мерки за спречување на ширење на вирусот COVID-19

Почитувани сограѓани, Во изминатите неколку денови, Општина Штип презеде конкретни мерки за спречување на ширењето на вирусот COVID-19. Имено, спроведовме превентивно миење и дезинфицирање на улиците, контејнерите и јавните простори, како и дезинфекција на градинките и некои основни училишта. Со мерки во оваа насока и согласно препораките на Министерство за здравство, ќе продолжиме и понатаму,…

Пуштање во употреба на мост на река Брегалница

После 65 години локалната власт денес пушта во употреба нов мост на река Брегалница кој ќе го растерети сообраќајниот метеж во градот. Мостот „Иднина“ ги спојува населбите Пребег и Сењак и значително ќе придонесе во олеснување на протокот на работници и студенти од своите домови до работните места или до местата за студирање. На овој…

Увид во реконструкции во ООУ „Ванчо Прке“

Општина Штип инвестираше во неколку реконструкции во основното училиште Ванчо Прќе. Се работи за изградба на затворен балон – игралиште за потребите на учениците, инвестиција која чини 2,1 милион денари, дополнително изградена е отворена училница, нови компјутери, смарт табли, лед телевизори, реконструкција на тоалети и нова железна ограда. Градоначалникот Благој Бочварски заедно со директорот на…

Одржана трибина за промовирање на Законот за заштита и спречување на дискриминација

На 12 февруари 2020 година во Хотел Оаза во Штип се одржа трибина за промоција на кампањата „Механизми за заштита и спроведување на законот за спречување и заштита од дискиминација на локално ниво“ . Трибината беше оганизирана од страна на Мрежата за заштита од дискриминација во соработка со Локалното координативно тело за заштита од дискриминација…

Писмена реакција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Штип

ВМРО-ДПМНЕ ги користи младите за неосновани прес конференции се со цел замајување на јавноста. Партијата којашто 8 години беше локална и 10 години централна власт и парите наместо во нови зелени површини ги инвестираше во споменици и барокни фасади денес се обидува да ја фрли црна дамка на фактот, дека Штип е еден од најчистите…

Писмена реакција за набавка на возило за чистење снег

ВМРО-ДПМНЕ до пред две години ја пустошеа и разграбуваа општината и заедно со јавните претпријатија ја оставија во минус од 9 милиони денари само за плати, 18 милиони денари долг на училиштата и над 10 милиони денари судски пресуди против општината, истите тие денеска прашуваат зошто ЈП „Стипион 2011“ набави половно возило за чистење снег.…

Писмена реакција на прес конференција на ОК ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ нема право да зборува за гасификација поради тоа што нивниот ефект во однос на гасификацијата за Штип е еднаков на НУЛА. Општина штип инвестира во проектирање на гасификација преку три проекти, основен, идеен и инфраструктурен проект, нешто за што ВМРО-ДПМНЕ не ни знаеше дека воопшто треба да се прави. ВМРО-ДПМНЕ да одговори зошто за…

Честитка по повод празникот Богојавление – Водици до верниците од православна вероисповед

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, за големиот христијански празник Богојавление – Водици, до митрополитот на Брегалничката Епархија, Иларион, и до сите верници од православна вероисповед упати честитка, во која се вели: „Почитувани сограѓани, На сите вас кои го чествувате големиот христијански празник, Богојавление – Водици, ви посакувам многу љубов, здравје среќа и пријатни празнични…