Увид во градежни активности за пристапни улици кај аква парк

Спортско рекреативниот центар Брегалница добива нов и модерен лик за граѓаните на општина Штип. Денеска заменик градоначалникот на Општина Штип, Јане Миланов заедно со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски беа на увид во градежните активности за изградба на нови пристапни улици до аква паркот и целиот спортско рекреативен центар. „Се работи за изградба…

Продолжено работно време во петок (18.09.2020) и сабота (19.09.2020)

Ве известуваме дека локалите во општина Штип на деновите 18 и 19 септември (петок и сабота) ќе работат со продолжено работно време по повод одржувањето на културната манифестација Макфест. На 18.09.2020 г. (петок) и 19.09.2020 г. (сабота) работното време се продолжува за два часа односно до 03:00 часот по полноќ.

Увид во градежни активности за водовод во Чардаклија

Денеска заменик градоначалникот на Општина Штип, Јане Миланов и директорот на ЈП „Исар“, Живко Тасев беа на увид во градежните активности за изградба на водоводна линија до Чардаклија. „По инвестицијата во населба Балканска, пристапуваме со поставување на водоводна линија за водоснабдување на Чардаклија. Се работи за инвестиција од 5,5 милиони денари и водоводна цевка во…

Одржана првата прес конференција за „Макфест“ 2020

Денес во Штип се одржа првата прес конференција по повод фестивалот на музика „Макфест 2020“. Прес конференцијата, во име на организаторот, Општина Штип, ја отвори заменик градоначалникот Јане Миланов, кој ги претстави спецификите на годинашниов „Макфест“: – „Макфест“ е бренд кој остави во наследство над 1000 композиции и воедно останува најголем промотор на музика  уште од…

Честитка по повод 8 септември – Ден на независноста на Македонија

Заменик градоначалникот на Општина Штип, Јане Миланов упати честитка до граѓаните на општина Штип, по повод 8 септември – Денот на независноста на Македонија, во која се вели: „Почитувани сограѓани, Ја користам оваа прилика во пресрет на 8 септември – Денот на независноста на нашата држава да ви се обратам и да ви упатам честитки…

Увид во детски градинки

Денеска заменик градоначалникот на Општина Штип, Јане Миланов заедно со директорките на детските градинки „Астибо“ и Вера Циривири Трена“ извршија увид во последните подготовки пред приемот на деца. Во среда на 09.09.2020 г., започнува приемот на деца со посебни протоколи за заштита на здравјето пропишани од Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство. „Извршивме…

Детските градинки во Општина Штип спремни за прием на дечиња на 9 септември

Денес во просториите на Oпштина Штип се одржа координативен состанок  за почеток на  функционирање на двете детски установи ЈУДОДГ„Вера Циривири Трена“ и ОЈУДГ„Астибо“. Детските градинки започнуваат со работа на 9 септември почитувајќи ги сите протоколи предвидени од Комисијата за заразни болести и Министерството за труд и социјална политика каде што децидно е превидено дека установите…

Реконструкција на кров во СОУ „Коле Нехтенин“

Започнато е со реконструкција на кровната површина во СОУ „Коле Нехтенин“, ова е инвестиција на Министерството за образование и наука. После инвестицијата во основното училиште „Тошо Арсов“ за замена на кровот и фасадата, Општина Штип и Министерството за образование и наука продолжија во средното училиште Коле Нехтенин. „Се работи за инвестиција од околу 17 милиони…

Поставување на фотоволтаик на подрачно училиште Гоце Делчев во населба Три Чешми

Започнато е со поставување на фотоволтаик на зградата од подрачното училиште „Гоце Делчев“ во населбата Три Чешми. Ова е четврта институција после основното училиште Ванчо Прќе, филтерстаницата и Територијалната противпожарна единица кадешто се поставуваат фотоволтаици за заштеда на електрична енергија. „Средствата се издвоени од програмата за финансиска поддршка на рурален развој, односно поттикнување на локален…

Примопредавање на функцијата градоначалник на Општина Штип

Денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Општина Штип, досегашниот градоначалник и нов министер за транспорт и врски, Благој Бочварски ја предаде функцијата на досегашниот претседател на Совет на Општина Штип, Јане Миланов. Новиот министер за транспорт и врски се заблагодари на граѓаните, вработените во јавната адмистрација, раководителите, директорите и новинарите за соработката и…