Свечена академија по повод 5-ти Октомври – Светскиот ден на учителот

Во организација на Општина Штип се одржа Свечена академија по повод 5-ти Октомври-Светскиот ден на учителот. На предлог на колективите во градинките, основните и средните училишта, денес беа доделени признанија и вредносни ваучери на просветни работници, кои со својата работа и лична заложба имаат особен придонес во воспитно-образовната дејност. Нека е честит денот на учителите!…

Јавен повик за аплицирање на предлог актвности од здруженија и фондации од општина штип за прграмата за еднакви можности за 2024 година

⇓ Јавен повик за аплицирање на предлог актвности од здруженија и фондации од општина штип за прграмата за еднакви можности за 2024 година

Општина Штип продолжува со градежната офанзива

Влезовите на неколку станбени згради во населбата Автокоманда по пауза од 45 години денес добија нов асфалт. Општина Штип продолжува со градежната офанзива и во наредните денови во останатите населби од нашиот град.

СООПШТЕНИЕ ОД ОДДЕЛЕНИЕ ЗА АДМИНИСТРИРАЊЕ НА ПРИХОДИ ПРИ ОПШТИНА ШТИП

Општина Штип ги известува сите правни субјекти и физичките лица дека во согласност со одредбите за присилна наплата од Закон за даноците на имот како и од Законот за комунална такса(фирмарина) започнува постапка за присилна наплата на ненаплатените побарувања по основ  на годишниот данок на имот и годишната такса за фирма (назив на деловна просторија)…

Соопштение за одржување на работилница на тема СОРАБОТКАТА НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА СО НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ И ПРИДОБИВКИТЕ ОД ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈАТА ЗА ГРАЃАНИТЕ

Утре, среда (13 септември) со почеток во 09:30 часот во просториите на Општината Штип ќе се одржи работилница на тема „СОРАБОТКАТА НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА СО НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ И ПРИДОБИВКИТЕ ОД  ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈАТА ЗА ГРАЃАНИТЕ“. Работилницата е во организација на канцеларијата на Народниот правобранител и е дел од ИПА проектот „Владеење на правото“, а ќе ја отворат…

Партерно и хортикултурно уредување на запоставен терен во населба Леваци

Општина Штип продолжува со партерно и хортикултурно уредување на запоставен терен во населба Леваци на ул. ,,Христијан Карпош” со нови павер елементи, осветлување и урбана опрема. Овој проект е во вредност од 900.000 денари, сретства обезбедени од Буџет на Општина Штип. Со ваква динамична реализација на ветените проекти ќе се продолжи и во наредниот период…

Во населба Пребег беше отворен повеќенаменски центар за сите генерации

Во населба Пребег денес беше отворен повеќенаменски центар за сите генерации. Оваа рекреативна содржина ќе стане ново место за игри, дружење и забава, затоа што составен дел на истото се фудбалско игралиште со вештачка трева, баскет игралиште, детски и спортски реквизити и многу урбана опрема, каде децата, младите и повозрасните ќе се дружат во текот…

Првенците на генeрацијата

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, денес се запозна со “Првенците на генeрацијата”, откако нашата општина за прв пат воведе финансиска поддршка за учениците кои постигнуваат резултати, нижат награди и признанија. Од оваа учебна година се доделуваат награди и стипендии во износ од 400.000 денари, за учениците кои врз основа на своето залагање и постигнатите…

Денес во центарот на Штип се подигна споменик на Светите браќа Кирил и Методиј

Денес во центарот на Штип се подигна споменик на Светите браќа Кирил и Методиј на местото каде што пред 70 години се наоѓало најстарото основно училиште во Штип, кое го носело името на просветителите. По повод Денот на сесловенските просветители, Советот на Општина Штип одржа и свечена академија во чест на браќа Кирил и Методиј.

Општина Штип обезбеди финансиски средства за реконструкција на кровот на клон Развигорче

Општина Штип обезбеди финансиски средства за реконструкција на кровот на клон Развигорче, а истиот објект ќе стане и енергетски ефикасен, на кој со поставување на сончеви панели на кровот, ќе се генерира електрична енергија за потребите на градинката. Грижата за најмладите ни е секогаш на прво место, затоа посветено работиме во интерес на нив!