Паркот во населба Баби ќе добие уште неколку нови содржини!

Со финансиски средства од Биро за регионален развој и Општина Штип, ќе реализираме уште едно ветување за оваа населба. Паркот ќе добие нови детски реквизити, фонтана и хортикултурно уредување, а жителите ќе имаат причина повеќе да го минуваат слободното време на отворено!  

Прва седница на Локалниот Совет за превенција

Во текот на денешниот ден се одржа првата седница на Локалниот Совет за превенција. Со претставници од надлежните институции се дискутираше за: – безбедноста во сообраќајот, во насока за надминување на ризикот од сообраќајни незгоди со тешки телесни повреди и смртни последици, со цел изнаоѓање на заеднички решенија за намалување на вака споменатите незгоди; –…

Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов ја презентираше програмата и визијата за нашиот град

Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов, денес ја презентираше програмата и визијата за нашиот град со реализирани над 130 проекти. Изминатите 365 дена беа исполнети со бројни предизвици, но беа надминати благодарение на вербата во успех и потребата да се покаже целокупната одговорност која е дадена од нашите граѓани. Изминатиот период го посветивме на развој…

Увид во градежните активности за изградба и уредување на новото спортско рекреативно игралиште во населба Сењак 4

Денеска беше извршен увид во градежните активности за изградба и уредување на новото спортско рекреативно игралиште во населба Сењак 4. Со реализирање на вакви проекти секоја населба ќе има соодветни места за спортување и рекреација на сите генерации.  

СООПШТЕНИЕ ОД ОДДЕЛЕНИЕ ЗА АДМИНИСТРИРАЊЕ НА ПРИХОДИ

Општина Штип ги известува сите правни субјекти и физичките лица дека поради неуспешна достава на решенијата за присилна наплата на пријавените адреси во даночното одделение, Општина Штип изготви јавна објава за уредна достава на истите. По истекот на законски предвидениот рок ќе се пристапи кон извршување на решенијата. Општина Штип ги повикува сите правни и…

Повеќенаменски парк во населба 8ми Ноември

Жителите на населба 8ми Ноември денеска добија нов повеќенаменски парк. Паркот е целосно ограден и осветлен со поставена вештачка трева за мал фудбал, специјализирана подлога за баскет, летниковеци и останати детски реквизити. Овој проект е во вредност од 1.500.000,00 денари, средства обезбедени од Буџет на Општина Штип. Со градежни активности започнуваме и во други населби…

Градежни активности за целосна реконструкција на тоалетите во СОУ „Коле Нехтенин”

Веќе се отпочнати градежните активности за целосна реконструкција на тоалетите во СОУ “Коле Нехтенин”. Комплетно е променета водоводната и канализационата мрежа, поставени се нови санитарни плочки, извршена е промена на целокупната електрична инсталација, поставени се нови санитарни елементи, како и целосна реконструкција на подот, ѕидовите и плафонот. Со ваквите проекти значително ќе се подобрат условите…

Зголемување на семејството на жители во ЗОО паркот Бриони

Штипјани од денеска ќе имаат причина повеќе да го посетат ЗОО паркот Бриони. Продолжуваме и во наредниот период со зголемување на семејството на жители во ЗОО паркот Бриони.                                                       …

Средба со Амбасадорот на Франција во Македонија Сирил Бомгартнер

На вчерашната средба со Н.Е. Амбасадорот на Франција во Македонија Сирил Бомгартнер, ги потврдивме нашите заложби за соработка и заедничка реализација на поставените цели. Економскиот развој, образованието, културното наследство и добрите меѓусебни односи беа во фокус на нашиот продуктивен разговор. Овој состанок ни даде добра основа за продлабочување на меѓусебните релации и активна комуникација за…

Промена на водоводна и канализациона подземна мрежа на улиците „Солидарност“, „Браќа Даневи“ и „5ти Конгрес“

Во Штип за првпат етапно се изврши промена на водоводна и канализациона подземна мрежа на ул. “Солидарност”, “Браќа Даневи” и “5ти Конгрес”, па од денес се започна со припрема за асфалтирање. Откако ќе се истрасираат и подготват сите три улици, ќе се пристапи кон нанесување на првиот асфалтен слој во согласност со временските услови. Секоја…