29 години од постоењето на Армијата на РСМ

Денес се одбележаа 29 години од постоењето на Армијата на РСМ во касарната „Јане Сандански“ во Штип. Во присуство на командантот и потполковник на вооружените сили Стојанче Костов беше доделена плакета и благодарница на градоначалникот за остварените резултати во Армијата, за нејзиното јакнење и осовременување како и афирмирање на нашата земја. Со особена гордост им го  честитаме денешниот празник,…

Известување за прскање против комарци

На ден 25.08.2021 год. (Среда-наутро) Општина Штип преку овластена фирма, на територијата на општината Штип ќе спроведе тереистичка дезинсекција со цел уништување на комарците. Запрашувањето ќе се врши во периодот од 01 до 07 часот наутро, со апаратура за УЛВ ладно запрашување. Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во општина Штип, подрачјата по течението на реките Брегалница и…

Работната недела започната со состаноци за браната на река Отиња

Работната недела Градоначалникот ја започна со интензивни состаноци со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, изведувачот и надзорот на браната Отиња. Заедно ги испланираа тековните активности за работата да се одвива непречено. Со овој капитален проект вреден 5 милиони евра, Штип добива сигурен превентивен одговор на поплавите и се отвораат бројни можности за економски развој и напредок…

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА РЕОНСКИ ПОПИШУВАЧИ И РЕОНСКИ ИНСТРУКТОРИ

Се известуваат сите заентересирани лица кои сакаат да се ангажираат во спроведувањето на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија,2021 година во својство на: Реонски попишувачи и Реонски инструктори. дека Јавниот конкурс за ангажирање на Реонски попишувачи и Реонски инструктори , објавен во дневните весници :Нова Македонија, Вечер ,Слободен печат и Коха…

Известување за прскање против комарци

На ден 06.08.2021 год. (Петок – наутро) Општина Штип преку овластена фирма, на територијата на општината Штип ќе спроведе тереистичка дезинсекција со цел уништување на комарците. Запрашувањето ќе се врши во периодот од 01 до 07 часот наутро, со апаратура за УЛВ ладно запрашување. Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во општина Штип, подрачјата по течението на реките Брегалница и…

Средба на градоначалникот д-р Сашко Николов со началникот на СВР Штип, Марјан Коцев

Денес Градоначалникот Д-р Сашко Николов имаше средба со началникот на СВР Штип Марјан Коцев. Целта на оваа средба беше да се воспостави ефективна координација на надлежностите. На овој начин ќе се олеснат постапките за делување на општинските служби. Полесно и побргу граѓаните ќе можат да ги остваруваат своите права и да ги решаваат своите проблеми со пријавување…

Завршена реконструкција на улицата и тротоарите на Кеј Маршал Тито

Центарот на Штип е лицето на градот! Кеј Маршал Тито е еден од главните крвотоци на Штип. Завршена е реконструкција на улицата и тротоарите на оваа улица. Нејзина реконструкција беше морална затоа што е една од најфреквентните улици во градот. Со исто темпо продолжуваме и во наредниот период.

Чиста и зелена околина е должност на секој еден

Здрава, чиста и зелена околина е должност на секој еден! Со максимална поддршка и со заеднички сили Општина Штип заедно со ЈП Исар, како и со помош од нашите пријатели од градежните претпријатија, успеавме да ја исчистиме депонијата во Штип! Завршен е тендерот за обезбедување на депонијата и започнуваме со оградување! Ќе се воспостави контрола…

Асфалтирани улици во населба Баби

Штип се гради и заслужено го носи приматот центар на источна Македонија. Тоа што го ветуваме го реализираме – градиме и рехабилитираме улици заборавени со децении. Во населба Баби, извршивме рехабилитација на улица 6ти Април, 11ти Конгрес, Богомилска и Делчевска. Вредноста на оваа инвестиција изнесува 2.196.216,00 денари. Во населбата изградивме и тротоар на улица Лески.

Посета на рудникот Боров Дол

Градоначалникот имаше чест да се вози во дампер. Со задоволство присуствуваше на работната средба заедно со директорот Павло Кривинскиј и раководството на рудникот Боров Дол. Во Боров Дол се врши експлоатација и обработка на рудата, која што преку транспортна лента долга 7км се пренесува до рудникот Бучим на понатамошна доработка, каде што се врши повторно…