Претседателот Пендаровски во посета на Штип

Претседателот Пендсровски денес ја посети модуларната болница во Штип, при што се разговараше за потребата од реформи во здравствениот систем. Градоначалникот го информираше претседателот Пендаровски за состојбата со Ковид 19 во регионот. Ја користиме оваа прилика да испратиме апел до сите граѓани да останат одговорни, да одржуваат дистанца и да не се групираат.

Непознати сторители извршиле бруална сеча на дрвја

Нов вандалски чин во Штип, непознати сторители извршиле брутална сеча на дрвја, во населбата Дуизлак во близина на црквата “Св. недела”. За кратко време, ова е втор инцидент. Првиот беше со кршењето на канделабрите, сега со несовесната сеча.. Заштитата на животната средина е меѓу приоритетите на нашата општина. На терен од завчера е излезена екипа,…

Отворање на модуларната болница во Штип

Денеска е ставена во функција модуларната болница во Штип. Здравјето на граѓаните е и ќе остане наш врвен приоритет. Модуларната болница во Штип ќе биде од исклучителен придонес и за другите градови од Источна Македонија. Апелираме да останете одговорни, да одржувате дистанца, да носите маски и да не се групирате.

Талентирани и докажани пијанисти освоија 37 награди

Општина Штип е град на талентирани и докажани пијанисти. Огромен успех на нашите пијанисти кои само во оваа учебна година за 5 месеци освоија 37 награди на Интернационални натпревари во Америка, Русија, Јапонија, Канада, Белгија, Грузија, Украина и Словенија. Огромен аплауз за Михаел Тимотеј Пастоњицки, Душица Митрева, Михаела Мирова, Теодора Ноемина Пастоњицки, Бисера Јанева, Габиана…

Во Штип започна вакцинацијата

Денеска на пладне градоначалникот го посети вакциналниот пункт во Здравствениот дом “Панче Караѓазов” во Штип, каде се вакцинираат како што е препорачано, лицата над 77 години и кои се хронично болни. Вакцинацијата со АстраЗенека во Штип се одвива без проблеми согласно сите препораки и протоколи. Вакцинацијата е клучна во борбата против Ковид 19. Градоначалникот разговараше…

Реконструкција на улицата „Панче Караѓозов“

Продолжуваме со инвестиции во капитални проекти, градежните активности во Автокоманда во полн ек. На улицата Панче Караѓозов се реконструира водоводната и канализационата мрежа, а потоа и реконструкција на тротоарите и асфалтирање на улицата. Вредноста на овој инвестициски зафат е нешто повеќе од 13 милиони денари. Подготвени се проектите за реконструкција на улиците “5-ти Конгрес”, “Солидарност”…

Посета на амбасадорката на Кралството Шведска Н.Е Кристин Форсгрен Бенгстон

За прв пат во Штип ја пречекавме амбасадорката на Кралството Шведска Н.Е. Кристен Форсгрен Бенгстон. Фокусот на средбата беше за екологијата, заштитата на животната средина и енергетската ефикасност, Шведска е светол пример за градење на вистински вредности. Градоначалникот Д-р Сашко Николов истакна: ” Со амбасадорката имав пријатен и конструктивен разговор. Шведска е земја од која…

Запознавање на општините со процесот на формирање и реструктурирање на локалните младински совети

Денес се одржа „ЗООМ“ работен состанок во организација на Агенцијата за млади и спорт и стратешкиот партнер – Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Запознавање на општините со процесот на формирање и реструктурирање на локалните младински совети, чекорите и статутарните измени, согласно Законот за младинско учество и младински политики. Од страна на претставниците на Општина Штип…

Состанок на општински кризен штаб

На ден 20.03.2021 година се одржа координативен состанок на општинскиот кризен штаб за заштита и спасување при Општина Штип. На овој состанок се разговараше и анализираше актуелната состојба со Ковид-19 кризата на локално ниво, како и превземање на мерки важни за заштита на граѓаните. Општинскиот штаб за заштита и спасувње ги донесе следните заклучоци: –        Состојбата…