Се грижиме за културното наследство

Штип се грижи за своето културно наследство. Штип заедно со Општина Карбинци како приоритет претставува проект до Центарот за развој на Источен плански регион кој ќе ги аплицира за финансирање до Бирото за регионален развој. Нудиме подобрување на туристичката сигнализација и инфраструктура во Источен плански регион – електрификација и партерно уредување на археолошкиот локалитет Баргала…

Градежен бум во Штип – реконструкција на 11 улици

Започнува градежен бум во Штип – реконструираме 11 улици во нашата општина. Од денес Штип влегува во сериозни инвестициски зафати. Во 5 населби започнуваме со реконструкција на 11 улици. Започнуваме со реконструкција на улиците Сутјеска во населба Автокоманда, Ванчо Прке и Маршал Тито во централното градско подрачје, Д-р Слободан Јовановски кај касарната Јане Сандански, Скоевска…

Спроведува›ье на ларвицидна дезинсекција

На ден 26.04.2021 год. (Понеделник) Општина Штип преку овластена фирма, на територијата на општината Штип iie спроведе ларвицидна дезинсекција со цел уништуваіъе на ларвите на комарците. Третирањето ќe се врши во периодот од 09 до 14 часот. Со дезинсекцијата ќe бидат опфатени застојните води во урбаните населби и локалитети на територијата на општина Штип. Третирањето ќe се изведува со препаратот BIOPREN 4GR со активна материја Isopropyl (7S,2E,4E)-(+)-11-methoxy-3,7,11-TrimethyI ларвицид или OXYMOS 20 ES со активна материја 4-phenoxyphenyl (RS)-2-(2pyrIdyIoxy) propil. Во случај на неповолни временски услови (дожд, ветар и др.) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден. За сите информации и прашаіъа можете да се јавите на телефон за контакт во Општина Штип: 032/22 66 22.

Средба со АГОРА Центар за промовирање на граѓански вредности

Денес Градоначалникот Д-р Сашко Николов оствари средба со АГОРА Центар за промовирање на граѓански вредности, на која се потпиша меморандум за соработка. Преку активностите на проектот ќе се зајакнат капацитетите на локалните чинители во следните области: Финансиска транспарентност на буџетот на општината, парафискални трошоци и јавни набавки, мониторинг, застапување, градење партнерства и јавни претпријатија. Посебни цели…

Полагање на цвеќе по повод патрониот празник на касарната “Јане Сандански”

Денеска Градоначалникот на Општина Штип заедно со делегација од општината положи цвеќе на спомен бистата во касарната Јане Сандански.   Градоначалникот им го честита патрониот празник на 2-иот механизиран пешадиски баталјон. Истот така истакна дека во тек е реконструкција на улицата Д-р Слободан Јовановски која се наоѓа пред касарната.

Стартува масовната вакцинација – Штип ќе биде еден од регионалните центри во државата

Во Штип почнува вакцинацијата за граѓаните од Источниот и струмичкиот регион. Денеска Градоначалникот на Општина Штип ја посети салата “Јордан Мијалков” каде ќе се вакцинира населението. Општина Штип ќе пружи логистичка подршка. Во салата ќе има 22 кабини за вакцинација, 80 столчиња за опсервација после вакцинација, 3 болнички кревети за итна медицинска помош и персонал.…

Пристапна патека и паркинг на ул. 5та Партиска во населба Сењак

Јавното претпријатие Стипион заврши уште една пристапна патека и паркинг на ул. 5та Партиска во наслебата Сењак. Се грижиме и продолжуваме со решавање на проблемите на граѓаните.

Средба со амбасадорот на Босна и Херцеговина Н.Е Драган Јаќимовиќ

Денеска во Штип го пречекавме амабасадорот на Босна и Херцеговина Н.Е. Драган Јаќимовиќ. Се разговараше за интензивирање на соработката во разни области, фокусот на средбата беше за економијата, образованието и туризмот. Од взаемен интерес е збратимување на Штип со некој од градовите во Босна и Херцеговина.

Средба со граѓаните од УЗ Васил Доганџиски

Градоначалникот на средба со граѓаните од УЗ Васил Доганџиски. Најавуваме целосна реконструкција на улицата Личка и реконструкција на улицата Васил Доганџиски. Во изработка е проектната документација за улиците Борко Талев и Цветан Димов.