Продолжено работно време во петок (18.09.2020) и сабота (19.09.2020)

Ве известуваме дека локалите во општина Штип на деновите 18 и 19 септември (петок и сабота) ќе работат со продолжено работно време по повод одржувањето на културната манифестација Макфест. На 18.09.2020 г. (петок) и 19.09.2020 г. (сабота) работното време се продолжува за два часа односно до 03:00 часот по полноќ.