Изградба на нова паркинг платформа во централното градско подрачје

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски заедно со министерот за локална самоуправа, Горан Милевски извршија увид во почетните работни активности и припреми за изградба на паркинг платформа во централното градско подрачје кај Здравствениот дом „Панче Караѓозов“. Оваа паркинг платформа ќе биде со капацитет од 40 паркинг места и е инвестиција на Министерството за локална самоуправа…

Реконструкција на асфалтна површина кај местото Аргач

Започната е реконструкција на асфалтната површина кај местото Аргач во централното градско подрачје. Се работи за дотраен паркинг простор кадешто едно од барањата на граѓаните беше поставување на нова асфалтна површина. Се работи за 900 метри квадратни асфалтна површина и цена на чинење од околу 408.000 денари. Дополнително во овој дел ќе се пристапи и…

Постапка за брана на река Отиња

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски денеска одржа прес конференција со цел информирање на јавноста за постапката за отпочнување на изградба на најголемиот капитален проект за Штип, брана на река Отиња, во која истакна: „Почитувани, Брана на река Отиња претставува најголемиот капитален проект за Штип, долгогодишна желба на граѓаните, реална потреба за градот. Не би…

Потпишување договор за изградба на паркинг платформа

Општина Штип заедно со претставници од Центарот за Источен плански регион потпишаа договор за започнување на изградба на паркинг платформа по течението на реката Отиња кај Здравствениот дом „Панче Караѓозов“. Се работи за капитална инвестиција финансирана од Општина Штип и од Бирото за регионален и рамномерен развој преку Центарот за Источен плански регион. „Ова е…

Реконструкција на тротоар на улица Џемал Бједиќ

Општина Штип преку јавното претпријатие „Стипион 2011“ започна со реконструкција на пешачка површина во населбата Сењак на улицата „Џемал Бједиќ“ во близина на основното училиште „Димитар Влахов“. Се работи за дотраен тротоар кадешто секојдневно минуваат граѓани и деца кои го посетуваат основното училиште „Димитар Влахов“. „Ќе биде реконструирана над 330 метри квадратни пешачка површина по…

Обраќање на градоначалникот Благој Бочварски во врска со ситуацијата во Штип

Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски одржа прес конференција во врска со ситуацијата со вирусот Ковид 19, на која ги изнесе следните информации: Почитувани граѓани, Во моментот Штип се наоѓа во специфична состојба и нов момент на висок пик на вирусот во градот. Се обраќам до сите Вас пред овој продолжен викенд во кој…

Реставрација на црквата „Свети Власие“

Општина Штип заедно со бугарската општина Белица во наредните две години ќе искористат над 400.000 евра за културен туризам, но и за рехабилитација на Народното читалиште „Георги Тодоров 1885“ и реставрација и конзервација на црквата „Свети Власиј“ на тврдината Исар. Од овие средства 221.034 евра се наменети за општина Белица, а 185.187 евра за Центарот…

Состанок на Општински штаб за заштита и спасување

Денеска се одржа состанок на Општински штаб за заштита и спасување во проширен состав кадешто присутни беа претставници од СВР Штип, ЈЗУ Здравствен дом „Панче Караѓозов“ Штип, ДСЗИ, АРМ, директор на Клиничка болница, претставник од конфекционерите, претставник од „Гласен текстилец“, а дополнително на овој состанок присуствуваше заменик претседателот на Владата и координаторот на општинските штабови,…

Средба со Кристина Ампева, претставник од „Гласен Текстилец“

Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски оствари средба со Кристина Ампева од здружението за работнички права „Гласен Текстилец“, во однос на новонастаната состојба и превземените мерки од страна на Општинскиот штаб за заштита и спасување. Институциите, заедно со здруженијата на граѓани и бизнис секторот мораат во овој момент да имаат тесна соработка со цел…

Состанок на Општински штаб за заштита и спасување

Денеска се одржа состанок на Општински штаб за заштита и спасување во проширен состав кадешто присутни беа претставници од ЦЈЗ Штип, ДСЗИ Штип, СВР Штип, ЈЗУ Здравствен дом „Панче Караѓозов“ Штип, ТППЕ Штип, Дирекција за заштита и спасување и АРМ, а дополнително на овој состанок присуствуваше и државниот секретар во Министерство за здравство, Владимир Милошев.…