Честитка по повод празникот Богојавление

Градоначалникот на Општина Штип, Д-р Сашко Николов им го честита празникот Богојавление на граѓаните. “Да погледнеме во себе си, да го најдеме најдоброто во нас и несебично да го делиме со другите. Денеска св.Јован во реката Јордан го крсти Исус Христос, и со тоа крштевањето станува  една од светите тајни во христијанството. Овој празник, значи…

Писмена реакција на прес конференција на ОК ВМРО-ДПМНЕ Штип

Очекувано е ВМРО ДПМНЕ да не знае што е развој во континуитет, продолжување на мерки и проекти кои се од интерес на граѓаните, на истите тие граѓани од кои оваа партија избега на изборите во Штип. ВМРО ДПМНЕ никако да сфатат дека едноставно постојат работи кои се над личните и партиските интереси, а тоа е…

Посета на градинката “Сончогледи”

Денес, 29.12.2020 г., градоначалникот на Општина Штип, Д-р Сашко Николов ја посети градинката “Сончогледи”. Заедно со директорката Билјана Трајчевска разговараа за ребалансот на буџетот на Општина Штип, каде градинката доби седум милиони денари, кои што пари ги искористи за набавка на нафта за огрев, подмирување на сметките за електрична енергија, комуналии, набавка на средства за…

Конзоли на река Отиња

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски беше во посета на Општина Штип. По средбата со в.д. Градоначалникот на Општина Штип, Јане Миланов имаа заедничка изјава во врска со капиталните дотации од Владата за Општина Штип, кои ќе бидат наменети за изградба на конзоли на река Отиња. В.Д. Градоначалникот на Општина Штип, Јане Миланов истакна…

Продолжено работно време во петок (18.09.2020) и сабота (19.09.2020)

Ве известуваме дека локалите во општина Штип на деновите 18 и 19 септември (петок и сабота) ќе работат со продолжено работно време по повод одржувањето на културната манифестација Макфест. На 18.09.2020 г. (петок) и 19.09.2020 г. (сабота) работното време се продолжува за два часа односно до 03:00 часот по полноќ.

Честитка по повод 8 септември – Ден на независноста на Македонија

Заменик градоначалникот на Општина Штип, Јане Миланов упати честитка до граѓаните на општина Штип, по повод 8 септември – Денот на независноста на Македонија, во која се вели: „Почитувани сограѓани, Ја користам оваа прилика во пресрет на 8 септември – Денот на независноста на нашата држава да ви се обратам и да ви упатам честитки…

Примопредавање на функцијата градоначалник на Општина Штип

Денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Општина Штип, досегашниот градоначалник и нов министер за транспорт и врски, Благој Бочварски ја предаде функцијата на досегашниот претседател на Совет на Општина Штип, Јане Миланов. Новиот министер за транспорт и врски се заблагодари на граѓаните, вработените во јавната адмистрација, раководителите, директорите и новинарите за соработката и…

Прскање против комарци

На ден 12.08.2020 год. (Среда-наутро) Општина Штип преку овластена фирма, на територијата на општината Штип ќе спроведе тереистичка дезинсекција со цел уништување на комарците. Запрашувањето ќе се врши во периодот од 02 до 07 часот наутро, со апаратура за УЛВ ладно запрашување. Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во општина Штип,  подрачјата по течението…

Честитка по повод Курбан Бајрам

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, по повод празникот Курбан Бајрам упати честитка до сите верници од исламската вероисповед, во која се вели: „Почитувани сограѓани, Дозволете ми во мое и во име на Општина Штип да ви го честитам верскиот празник, со желби за многу успеси. Во моменти кога нашиот град и нашата држава минуваат…