15 години од постоењето на универзитет „Гоце Делчев“

Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов присуствуваше на настанот организиран од Универзитет “Гоце Делчев” по повод 15 години од неговото основање. Пред положувањето на цвеќе во дворот на ректоратот, Градоначалникот беше гостин во кабинетот на Ректорот Блажо Боев, каде истакна дека преку постојаното осовремување на студиите и создавањето на вистинско знаење, веќе 15 години го…

Работна средба за зголемување на соработката помеѓу локалните чинители и општината за поголема финансиска транспарентност

Мрежата ФИСКАСТ, претставувана од Finance Think, АГОРА – Центар за промоција на граѓански вредности, Квантум Прима и ЛАГ Агро Лидер во соработка со Општина Штип во рамките на проектот „Подобрување на дијалогот за поголема финансиска транспарентност на општините, со фокус на парафискалните давачки” организираше работна средба за зголемување на соработката помеѓу локалните чинители и општината.…

Светски ден на лица со Даунов синдром

Светскиот ден на лица со Даунов синдром се одбележува секоја година на 21 март. Во организација на ООУ „Ванчо Прќе“ денес Градоначалникот на Општина Штип даде поддршка на овој настан, преку обезбедување на наставно нагледни средства за учениците со Даунов синдром, а воедно и поддршка на организираната работилница на тема „Шарени чорапчиња“. Градоначалникот истакна дека…

Aсфалтирање на пристапна улица кон училиштето во село Лакавица

Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов во село Лакавица изврши увид во градежните активности за поставување асфалт на пристапната улица кон училиштето. Градоначалникот изјави дека освен асфалтирањето на улици ќе се отпочне со подготвување на проект за инсталирање на канализациона мрежа, која е неопходна за нормално функционирање на тамошните жители.

Средба на Градоначалникот со ученичката Сара Димитровска

На 18.02.2022 година во Маврово се одржа државно првенство во скијање на кое учествуваа 350 ученици. Од Општина Штип учествуваа 19 ученика од основните и средните училишта. Ученичката Сара Димитровска како преставник на Гимназија “Славчо Стојменски” освои 1 во место во својата категорија. На средба со Градоначалникот заедно со својот ментор Сашко Богатинов поразговараа за…

Прв работен состанок на Локалниот совет за превенција на Општина Штип

Во насока на подобрување на јавната безбедност со дефинирање и интензивирање на нови активности, во просториите на Општина Штип на 16.03.2022 година се одржа работен состанок на Локалниот совет за превенција на Општина Штип. Целта на Локалниот совет за превенција e подобрување на јавната безбедност на подрачјето на општината, како и градење на доверба и…

79 години од депортација на Евреите од град Штип

Градоначалникот на Општина Штип беше домаќин на одбележување на 79 годишнината од депортацијата на Евреите од Штип. Заедно со Претседателот на Еврејска заедница во Република Македонија Пепо Леви, Н.Е Амбасадор на Соединетите Американски држави Кејт Брнз и Н.Е Амбасадорка на Велика Британија  и Северна Ирска Рејчел Галовеј. После завршувањето на Комеморативната седница во Салата на…