Известување за прскање против комарци

На ден 25.05.2021 год. (Вторник-наутро) Општина Штип преку овластена фирма, на територијата на општината Штип ќе спроведе тереистичка дезинсекција со цел уништување на комарците. Запрашувањето ќе се врши во периодот од 01 до 07 часот наутро, со апаратура за УЛВ ладно запрашување. Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во општина Штип, подрачјата по течението на реките Брегалница и Отиња, застојни води и…

Средба на одбојкарскиот клуб „Штип УГД“ со градоначалникот д-р Сашко Николов

Денес Градоначалникот Д-р Сашко Николов имаше средба со О.К. Штип УГД, кои ја освоија македонската лига. Искрени честитни до младите штипски одбојкари и целиот стручен штаб. Ви посакуваме многу успеси понатаму.

Ден на пожарникарството и 100 години од постоењето на Противпожарната бригада во Штип

Денес го одбележавме 20 мај ден на пожарникарството и 100 години од постоењето на Противпожарната бригада во Штип. Благодарност до пожарникарите за посветеноста и пожртвуваноста вршејќи ја својата професија. Чекорот кој го направивме за пожарникарите за зголемувањето на бодовите, односно зголемувањето на платите наиде на пофалба. Како општина ќе се залагаме за подобри услови за…

Полагање цвеќе пред бистите на Ванчо Прке, Тошо Арсов и Никола Нехтенин

20 мај, денот на загинувањето на грото на вториот плачковички одред “Гоце Делчев” Штип, кога загинаа Ванчо Прке, Тошо Арсов, Никола Нехтенин, Митко Цецов, Ванчо Китанов и Александар Митрев на местото “Виши Дол”. По тој повод Градоначалникот Д-р Сашко Николов и делегација од Општина Штип се поклонија и положија цвеќе пред бистите на Ванчо Прке,…

Штип станува вистинско градиште

Ветеното од страна на градоначалникот е веќе реалност. Реконструирани повеќе улици во нас. Дузлак и нас. Баби. Населба Дузлак Реконструирани се улиците Струмичка, Виничка, Радовишка и дел од улицата Драги Крупишки. Вкупна вредност на градежните активности над 1,7 милиони денари. Населба Баби Реконструирана улицата Крушевска Република. Вкупна вредност над 522 илјади денари. Штип станува модерен…

Средба со CIMIC тимот од вооружените сили на САД за Европа

Денес Градоначалникот Д-р Сашко Николов оствари средба со CIMIC, тимот од вооружените сили на САД за Европа. Безбедноста е клучен фактор за стабилноста на земјава. Се разговараше на повеќе теми, главна тема беше соработката и можноста за користење на фондовите со кои располага армијата на Америка.

„Нула глад“ – Штип се вклучува во акцијата за донирање на ранливите семејства

Штип се вклучува во акцијата за донирање на ранливите семејства. Денес реализирана е првата акција за донирање на 80 пакети храна и средства за дезинфекција за 80 социјално ранливи семејства. Во иднина ќе организираме исто вакви акции за донирање на храна, на социјално најзагрозените семејства. Ова е прва активност на Банката за храна во Штип,…

Известувагье за превентивна дератизација против глодари (стаорци)

Заради заштита на населението од заразни болести предизвикани од глодари (стаорци), Општина Штип на ден 18.05.2021 год. (Вторник) ке спроведе превентивна дератизација на канализационите шахти на територијата на општина Штип преку овластена фирма, со цел уништување на глодарите (стаорците). Дератизацијата ке се врши во периодот од 18:00 до 23:30 часот. Со дератизацијата ке бидат опфатени 160 канализациони шахти на територијата на Општина Штип. Третирањето ке се изведува со препаратот ДЕРАТИОН ПАРАФИНАТО со активна супстанца 3-[3-[4-(4-(BromophenyI)phenyI]-3-hydroxy-1-phenyIpropyI]-2-hydroxychromen-4-one. Во случај на неповолни временски услови (дожд и др.) дератизацијата се одложува за следниот поволен ден. Воедно, се известуваат сите граѓани во општина Штип за внимателно учество во сообракајот. За сите информации и прашагьа можете да се јавите на телефон за контакт во Општина Штип : 032/22 66 22