Конзоли на река Отиња

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски беше во посета на Општина Штип. По средбата со в.д. Градоначалникот на Општина Штип, Јане Миланов имаа заедничка изјава во врска со капиталните дотации од Владата за Општина Штип, кои ќе бидат наменети за изградба на конзоли на река Отиња. В.Д. Градоначалникот на Општина Штип, Јане Миланов истакна…

Контролна листа на План за управување со животната средина и со социјалните аспекти (ПУЖССА)

о рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ” кој се реализира од Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, Општина Штип аплицираше со проект за Реконструкција на крстосницата помеѓу локалните улици „Сремски фронт“ и „Борис Крајгер“ во Oпштина Штип. Согласно…

Увид во работите за поставување на монтажна болница

Денеска в.д. Градоначалникот на Општина Штип, заедно со директорот на Клиничка болница Штип, Ален Георгијев, директорите на јавните претпријатија Стипион и Исар одржаа координативен состанок во врска со тековните активности и обврските на секоја институција во поставување на монтажна болница. Монтажната болница ќе биде поставена над постоечката Киничка болница, со два пристапи. Ќе има четири…

Проект „Здрави деца – сигурна иднина“

Проектот „Здрави деца – сигурна иднина“ е финансиран од страна на Швајцарската амбасада и Министерството за локална самoуправа, а имплементиран од страна на Центарот за развој на Источниот плански регион со вкупен буџет од 2.137.909,00 мкд. Проектот се имплементираше во две фази односно преку реализација на две главни активности. Првата фаза опфаќа набавка на соодветна…

Свечена седница на Совет на Општина Штип

Денеска по повод Денот на ослободувањето на Штип – 8 ноември се одржаа два настани, положување цвеќе на споменикот на револуцијата кај тврдината Исар и online свечена Седница на Совет на Општина Штип. Делегација од Општина Штип и Совет на Општина Штип, предводени од в.д. Градоначалникот и претседателката на Совет положија цвеќе по подов Денот на ослободувањето…

Одлука за доделување признание „8 ноември“ за 2020 година

Денеска се одржа 41 седница на Совет на Општина Штип, online со 6 точки на дневен ред, меѓу кои и точката за доделување признание „8 ноември“ за 2020 година. На оваа седница советниците од Совет на Општина Штип едногласно донесоа одлука признанието „8 ноември“ за 2020 година да се додели на: –      Д-р Трајче Стојанов – професор по…

Координирана акција за уредување на зеленило во населба Македонка

Денеска Општина Штип заедно со неколку инволвирани институции како: ЈП „Исар“, ЈП „Стипион 2011“, ТППЕ Штип, Телеком, Телекабел, ЕВН како и приватните фирми: Т&M од Штип и Црн Камен 95 од Скопје спроведоа координирана акција за сечење на стари и високи стебла кои долги години претставувале проблем на граѓаните. „Денеска вршиме координирана акција заедно со повеќе…