ул. Васил Главинов 4Б, 2000 Штип • +389 32 22 66 50
Република Северна Македонија

Општина Штип

Проекти

Одржана Трета работилница за подготовка на Заедничка стратегија за зелена инфраструктура (2025 – 2035)

Одржана Трета работилница за подготовка на Заедничка стратегија за зелена инфраструктура (2025 – 2035)

На 11 септември 2025 година во хотел Изгрев во Штип се одржа Третата работилница за подготовка на Заедничката стратегија за зелена инфраструктура (2025 – 2035) за Источен плански регион (Р. С. Македонија) и Општина Гоце Делчев (Р. Бугарија), во рамки на проектот “ТРАНСФОРМИРАЊЕ НА УРБАНИТЕ ДЕЛОВИ СО ЗЕЛЕНА ИНФРАСТРУКТУРА” EcoScape BGMK0300060.

На работилницата се дефинираа стратешки цели и приоритети за развој на Зелената инфраструктура во Источниот плански регион, врз основа на претходно утврдената визија за 2035 година.

Воедно се работеше и на алатки, техники и добри практики за активно учество на јавноста и мониторинг на спроведувањето на стратешкиот документ.

Учесниците, преку структурирана дискусија, групна анализа и приоритетна матрица, извршија мапирање на реалните предизвици и ресурси, и предложија насоки како основа за формулирање на стратешките цели и приоритети.

На работилницата учество зедоа 35 учесници од повеќе институции со рамки на Источниот плански регион, кои дадоа придонес кон исполнувањето на целта на работилницата.

Изработката на првата Стратегија за зелена инфраструктура е финансирана во рамки на проектот: “ТРАНСФОРМИРАЊЕ НА УРБАНИТЕ ДЕЛОВИ СО ЗЕЛЕНА ИНФРАСТРУКТУРА” ECOSCAPE BGMK0300060, финансиски подржан од Програмата за прекугранична соработка Интеррег-ИПА Бугарија-Северна Македонија INTERREG VI-A IPA 2021-2027.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
Започни бизнис
Поволности – ТИРЗ
Започни бизнис
Упис на ДОО/ДООЕЛ
Започни бизнис
Упис на трговец – поединец