Реконструкција на тротоарите на влезот од градот на ул.”Партизанска”

Според планираната динамика, денес беше започната реконструкција на тротоарите на влезот од градот на ул.”Партизанска”. Како што беше и најавено, Општина Штип продолжува интензивно да работи на изградба и реконструкција на нови пешачки површини, кои ќе обезбедат слободно и безбедно движење на пешаците!

СООПШТЕНИЕ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ПОВТОРНА ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА НА ПРЕДЛОГ ПЛАН ИЗМЕНА И НАДОПОЛНУВАЊЕ НА ДУП ПОРАНЕШНА МАКЕДОНКА

⇓ ИЗМЕНА И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ДУП ЗА ПОРАНЕШНА ПИ МАКЕДОНКА ДЕЛ ОД УБ 65, 67 И 68 СО ОПФАТ НА УП БРОЈ 20, 21, 23 И 25, ОПШТИНА ШТИП ⇓ СООПШТЕНИЕ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ПОВТОРНА ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ПРЕДЛОГ ПЛАН ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА ДУП ПОРАНЕШНА ПИ МАКЕДОНКА УБ 65,…

Денес навршуваат 82 години од бомбардирањето на градот Штип

Денес навршуваат 82 години од бомбардирањето на градот, а Штип се сеќава на пролеаната крв и на жртвите за денешната слобода! Штипјани никогаш нема да ги заборават загинатите, а нашата обврска е да ја продолжиме мисијата кон подоброто и човечното, искористувајќи ги најдобро можностите што ни се дадени, благодарение на нашите бранители.

Општина Штип со силна динамика ја продолжува пролетната градежна офанзива!

Деновиве беше завршено асфалтирањето на дел од ул. Астибо. Во наредниот период интензивно ќе се пристапи кон подобрување на инфраструктурните услови во сите населени места во нашиот град.

Општина Штип продолжува со најавените проекти во инфраструктурата и нивна реализација во секоја населба на нашиот град

Денес жителите на населба “Баби” добија реконструирана улица со поставување на нов асфалт на ул.Руен од 1250м2, во вредност од 854.762,00 денари, средства обезбедени од Буџетот на Општина Штип.