Ја одбележуваме 78 годишнината од депортирањето на штипските Евреи

Ја одбележавме 78 годишнината од депортирањето на штипските Евреи. По тој повод делегација од Општина Штип, претседателката на Совет на Општина Штип, Марјана Рогожарска Поповска, советници, сојузот на борците, АРМ, здружение на пензионери и претставници од Евреите положија цвеќе пред споменикот на депортираните Евреи и еврејските гробишта во Штип. Претседателката на Совет на Општина Штип…

Започнуваме со заловување на кучиња скитници

Кучињата скитници се заловуваат од страна на ветеринарната станица во присуство на Здружение за заштита на животни “Живот” – ШТИП, кучињата скитници се згрижени во прифатилиштето кај Новакова Чешма. Подоцна откако ќе бидат лабораториски испитани, стерилизирани, вакцинирани и чипорани со микро-чип, истите ќе бидат понудени за вдомување.

Започнуваме со асфалтирање на улици во централното градско подрачје

Започнуваме градежните активности на дел од улиците “Ванчо Прке” и “Јосиф Ковачев” во централното градско подрачје. Се очекува градежните активности на овие две улици да завршат до крајот на оваа недела.

Состанок на Општински штаб за заштита и спасување

Денеска на 10.03.2021 г. со почеток од 12:00 часот се одржа состанок на Општински штаб за заштита и спасување, присутни беа началникот Никола Тушев, помошник на началникот за згрижување и евакуација, Сашо Протогеров, помошник на началникот за заштита и спасување, Тони Атансаов, помошник на началникот за заштита и спасување од поплави, Живко Тасев, извршител администратор, Александар…

Контролна листа на ПУЖССА – Реконструкција на улиците „5ти Конгрес“, „Браќа Даневи“ и „Солидарност“ во општина Штип

Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ” кој се реализира од Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, Општина Штип аплицираше со проект за Реконструкција на крстосницата помеѓу локалните улици „5ти Конгрес,“ и „Браќа Даневи“ , “Солидарност “во Oпштина…

Акција за отстранување на хаварисани возила

Секторот за инспекциски надзор на Општина Штип започна акција за отстранување на хаварисани и неисправни возила кои узурпираат јавна површина. Сопствениците на возилата имаат рок за отстранување одреден од комунален инспектор, а доколку рокот е пробинен возилата се отстрануваат од страна на јавното претпријатие “Стипион”.

Отстранување на рампи за паркинг без дозвола

Поради узурпирање на јавна површина со поставување на рампи за паркинг без дозвола, по налог на комунален инспектор е пробиен рокот од 7 дена даден за нивно отстранување. Рампите за паркинг се отстрануваат од страна на ЈП “Стипион”.

Во завршна фаза е новиот експресен пат А3 Штип – Кочани со вкупна должина од 28 км

Со задоволство најавуваме дека во завршна фазе е новиот експресен пат А3 Штип – Кочани со вкупна должина од 28 км. Завршена е првата фаза од експресниот пат Штип – Крупиште во должина од 14.30 км. Во завршна фаза е и Крупиште – Кочани во должина од 13.75 км. Капиталните инвестиции се од голема важност…