Статутот на општина штип достапен и на знаковен јазик
Почитувани граѓани, Со особена гордост ве информираме дека, во заедничка соработка со граѓанското здружение „Хендикеп Плус“, Општина Штип станува втората општина во државата која обезбедува Статут на знаковен јазик, достапен преку официјалната веб-страница на Општината. Оваа иницијатива е реализирана во рамки на проектот „Пристапна и отворена општина“, што го спроведува Здружението за лица со попреченост…


