Предавање за справување со комунален отпад

Денеска Проф. д-р Дејан Мираковски, професор на Универзитетот Гоце Делчев во Штип и меѓународен експерт за заштита на животната средина одржа предавање во општината, кое е од исклучителна важност за справувањето со комуналниот отпад. Во периодот кој следува заедно со повеќе релативни институции ќе одржуваме вакви предавање, трибини, но и обука на кадар се со…

Увид во градежни активности во нас. Три Чешми

Градоначалникот на Општина Штип, Д-р Сашко Николов денеска изврши увид во градежните активности во нас. “Три Чешми”, кадешто разговараше со тамошните жители. Општина Штип продолжува понатаму со инвестирање во проекти за подобар живот на граѓаните. Инфраструктурата на прво место!

Увид во градежни активности

Градоначалникот денес изврши увид во градежните активности за изградба на локалниот пат с. Шашаварлија – с. Кошево – с. Почивало. Жителите од овие села, конечно за кратко време ќе може да го користат овој пат. Овој локален пат ќе биде изграден по сите стандарди, каде меѓу другото предвидено е изработка на банкина, изработка на земјана канавка за одводнување. Изградбата на делницата е од 500 метри, а средствата во висина од 2.644.950 денари се обезбедени од Бирото за Рамономерен Регионален развој и Општина Штип.

Полагање цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев

Денес Општина Штип ја одбележа 149 годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер, апостол и херој, Гоце Делчев. По тој повод  градоначалникот Д-р Сашко Николов заедно со општинска делегација положи цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во Ново Село, пред ректоратот при УГД Штип. Оддаваме почит кон неговите дела и го чествуваме денот на раѓањето на…

Средба за унапредување на средното стручно образование

Денес во просториите на ОМЦ „Киро Глигоров“ се одржа средба за унапредување на средното стручно образование на која присуствуваа министерката за образование и наука Мила Царовска, градоначалникот на Општина Штип Д-р Сашко Николов, градоначалникот на Општина Пробиштип Драган Анастасов, директорите од средните стручни училишта, Претставник од платформата за јавно приватен дијалог и претставници од компаниите. Состаноците…