Четврток, 12 Јули 2018 20:56 |
Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски присуствуваше на ждрепката за извлекување на групите за Балканскиот шампионат во Бич Волеј до 22 години, со почеток во 20:00 часот во хотел „Оаза“, кој ќе се одржува на 13, 14 и 15 јули во дворот на СОУ Гимназија „Славчо Стојменски“ Штип.
|
Повеќе...
|
|
Понеделник, 09 Јули 2018 14:27 |
На заедничката работна средба што се одржа на 27.06.2018 година со почеток во 13 часот во Општина Штип учествуваа претставници од Ромската Акциона група од Општина Штип, претставници од Општинската работна група на Општина Штип и лица задолжени за спроведување на РОМАКТЕД програмата од Советот на Европа.
|
Повеќе...
|
Сабота, 07 Јули 2018 13:50 |
Денеска се реализираат координирани акции на јавните претпријатија „Стипион“ и „Исар“ во населбата Македонка и кај зградата на старото нервно одделение.
Во населба Македонка се уредуваат јавните површини, се врши санитарна техничка сеча на суви дрвја, се косат зелени површини, се бетонираат улици и се заменуваат улични светилки. Координираната акција во населба Македонка произлезе од барањата кои жителите ги упатија до градоначалникот на реализиранат средба во урбаната заедница.
|
Повеќе...
|
Четврток, 05 Јули 2018 12:34 |
Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, изврши увид во реализацијата на проектот за поставување десет активни зони за вежбање. Градоначалникот Бочварски изврши увид во поставената активна зона за вежбање во урбаната заедница Автокоманда, во близина на пинг-понг салата. Една од приоритетните цели на новата локална самоуправа е создавање услови за стекнување и негување здрави навики кај граѓаните преку практикување спортски и рекреативни активности.
|
Повеќе...
|
Среда, 04 Јули 2018 15:23 |
Денеска градоначалникот на Општина Штип изврши увид во изведбата на два нови експлоатациони бушени бунари во локалитетот Штипско Езеро, а со цел обезбедување дополнителни количини сирова вода.
|
Повеќе...
|
Понеделник, 02 Јули 2018 13:29 |
Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски оствари средба со шест студенти од Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Велико Трново во својот кабинет. Преку програмата Еразмус за практична програма, студентите од Велико Трново во наредните два месеци ќе претстојуваат во општина Штип како резултат на добрата соработка помеѓу Совет на Млади на Општина Штип и Студентскиот Совет при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Велико Трново.
|
Повеќе...
|
Недела, 01 Јули 2018 15:07 |
Денеска беа одбележани 105 години од Брегалничата битка во месноста Каленица во Штип. На одбележувањето присуствуваа претставници од српската амбасада, државниот секретар во Министерството за труд, социјална политика и боречки права при Влада на Република Србија, членови на здруженија, организации и сл.
|
Повеќе...
|
Петок, 29 Јуни 2018 20:23 |
На извонреден начин вечерва беше отворено триесет и третото издание на Штипско културно лето. Елена Голомеова, француски сопран од Штип, вечерва на сцената на којашто за прв пат настапи на „Весело Штурче“, ја отвори најстарата културна манифестација во нејзиниот роден град. Голомеова живее и работи во Франција, каде е долгогодишен промотор на македонската култура.
|
Повеќе...
|
Среда, 27 Јуни 2018 13:01 |
Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, изврши увид во инфраструктурно уредување на краци од улици во населбата Стар Караорман. Станува збор за конечно инфраструктурно уредување и понуда на вистински квалитетна патна инфраструктура на нашите сограѓани од овој дел од градот, проект којшто се одвива во две фази. Во моментов тече првата фаза, којашто е фокусирана на ископување и тампонирање на улиците, а чијашто реализација чини 620.000 денари. Опфатени се 710 метри должина од улиците, односно 2000 m2.
|
Повеќе...
|
Среда, 27 Јуни 2018 11:34 |
Во петок започнува триесет и третото издание на најстарата културна манифестација во нашиот град - Штипско културно лето.
|
Повеќе...
|
|
|
|
<< Почеток < Пред 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 Следно > Крај >>
|
Страница 23 од 38 |