Училиште „Гоце Делчев“ (Ново Село)

Во дворот на црквата ,,Св. Богородица” во Ново Село се наоѓа училиштето во кое македонскиот револуционер Гоце Делчев работел како учител. Веднаш до училиштето е и куќата во која живеел во тоа време. Училиштето ,,Гоце Делчев” се реновира и во него ќе биде сместен Ректоратот на Универзитет „Гоце Делчев”. И покрај реконструкцијата, Гоцевото училиште ќе…

Безистен

Во центарот на Штип се наоѓа објект што по својата архитектура потсетува на средновековен исламски пазар. Се вика Безистен. Името потекнува од турски збор што во превод значи: пазар. Нема точни податоци за изградбата, но се претпоставува дека датира од времето помеѓу 16 и 17 век. Бил користен како пазарен центар за размена и продажба…

Хуса Медин Паша џамија

Џамијата Хуса Медин Паша е изградена на рид на левата страна од градот. Објектот е познат и како црквата Свети Илија бидејќи се верува дека е изградена на основите на древен христијански храм. Според легендата, џамијата била изградена во 17 век. Се верува дека црквата посветена на Свети Илија била изградена помеѓу 13 и 14…

Саат кула

Штипската Саат – кула е споменик на културата од 17 век и е под заштита на државата. Штипјани ја знаат како Саат – кула, а таа е, всушност, Бегова кула. Историјата укажува дека кулата била изградена од турски бег, кој живеел во Штип, но неговото име не останало запишано. Тој ја направил кулата за да…

Архитектура

Македонската архитектура од традиционален карактер се гледа преку градбите во Штип. Историско – легендарното Ново Село ги чува трошните, но вредни куќи што денес имаат музејска вредност. На пат кон бањата Кежовица, на излезот од Штип, ваквата архитектура е најзабележителна. Ако се додаде галеријата на икони, духовното задоволство е комплетно во вечниот Штип.

Ново Село

Составен дел на Штип е и Ново Село што се наоѓа на патниот правец кон Радовиш, во клисурата на река Брегалница, зад градскиот Исар. Станува збор за историско место, познато по престојот на македонскиот револуционер, Гоце Делчев, кој бил учител во училиштето во Ново Село. Тоа училиште минатата година е реконструирано и стана седиште на Ректоратот на…

Музеј

Во археолошкиот комплекс Аневи – Гочеви каде се наоѓа Заводот и Музеј се поставени над 1200 археолошки експонати почнувајќи од неолитот (седмиот милениум пред нашата ера) па се до 18 век. Во комплексот може да се види и неодманешното откритие, насјтариот скелет на човек во ЈИЕ, т.н Славе Македонски.

Тврдината Исар

Тврдината Исар е посебен белег за градот. Тоа е возвишение на 150 метри над нивото од река Брегалница. Во 2009 година истражувачите открија 30 метри од тунелот што води од реката до врвот на Исарот. Со тоа се потврди најраскажуваната штипска легенда за освојување на градот преку таен тунел под Исарот, за кој во 17 век пишувал…

Културно – историски знаменитости

Граѓаните на Штип се горди на културно – историските знаменитости. Штип има развиена мрежа на културни институции од кои позначајни се: НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј каде се чуваат збирки и фондови од областа на археологијата, етнологијата, историјата и уметноста; НУ Библиотека „Гоце Делчев“, која денес има голем опус на издавачка дејност. Повеќе…

Oбичајот „Четрсе“ на листата на УНЕСКО

Националната комисија на УНЕСКО го одбележа воведувањето на првото добро од Македонија на репрезентативната листа на светското нематеријално културно наследство на УНЕСКО – ритуалот „Четрсе“. Апликацијата беше поднесена во 2011 година, а прогласувањето за време на конференција во Баку (2-7 декември 2013). Се работи за уникатен и вековен обичај во Штип, кој се практикува на верскиот празник Св. 40…