Галерии на икони

Желбата пред пошироката јавност да се презентира и да биде достапен до посетителите богатиот фонд на икони, како и сакрални предмети, а истовремено тие да бидат што подобро заштитени и негувани, придонесе да се оформи една галерија на икони сместена во галерискиот простор на црквата Св. Никола во Штип. Галеријата на икони е формирана во 1990…

Свети Јован Крстител

На десната страна на реката Отиња, на јужната страна на Исарот се наоѓа црква посветена на Свети Јован Крстител. Црквата е изградена во 1350 год. Тоа е црквичка со една одаја. Изградена е со поддршка на Јован ПробиштиповиЌ во време кога сопственик на земјиштето бил деспотот Оливер. Денес се видливи само фрагменти од фреско сликарството. Тоа е…

Црква Свети Архангел Михаил

По патот што води кон тврдината на источната страна на ридот, се стигнува до црквата Св. Архангел Михаил што е средновековна црквичка, подигната во првата половина на XIV век, од страна на протосевастот Хрелја, а во 1334 год. е приложена кон Хиландар од страна на Цар Душан. Таа е еднокуполна црква, чија основа е со…

Црква Свети Никола

Еден од најрепрезентативните сакрални објекти во Штип е соборната црква Свети Никола. Изградена е од протомајсторот Андреја Дамјанов на местото на старата Сифиева црква посветена на Св. Никола (1341 год.), од протомајсторот градител Ѓорѓи Новаков – Џонгар. Постои натписна плоча вградена над главниот западен влез, чиј текст вели дека црквата била изградена во времето на Митрополитот…

Црква Свети Спас

На едно израмнето карпесто плато, на левата страна од реката Отиња, е поставена црквата „Свети Спас“. Оваа црква со својата тивка убавина постојано го привлекува погледот и вниманието на минувачите. Тоа е еднокорабна црква за која се смета дека ја подигнал војводата Димитар во 1369 год. Живописот од XIV век не е сочуван. Второто живописување…

Црква Света Богородица (Ново Село)

Црквата „Света Богородица” се наоѓа во Ново Село. Таа е едно од ремек – делата на познатиот македонски мајстор Андреа Дамјанов. Има форма на базилика со трокатни нивелации што му даваат посебен облик на кровот. Внатрешноста е богато украсена со растителни мотиви и животински фигури. Иконостасот е прекрасен дрворез. Според знакот што се наоѓа над…

Цркви

Културното богатство на Штип е огромно. Во градот и во блиската околина се регистирани над 300 цркви. Гордост на градот е црквата Свети Никола, која е седиште на Брегалничката Епархија. Голем дел од црквите се постари од 3 – 4 векови. Според староста, посебно се истакнува црквата Свети Јован Крстител што датира од 1350-тата година.

Градски плоштад Слобода

Историски гледано, локацијата во строгиот центар на градот, спроти ООУ „Ванчо Прке” од десната страна на реката Отиња, отсекогаш било на еден начин природна локација за градски плоштад. Локацијата е регистрирана и на некои архивски фотографии, а разликата е во тоа некаде околу 70-тите години Градскиот плоштад е уреден  со мермерни плочки. Но забот на времето…

Кадин Ана Џамија

Кадин Ана Џамија е главен верски објект на муслиманската популација во Штип. Додека џамијата Хуса Медин Паша има историско значење, Кадин Ана Џамија е во употреба и служи како објект во кој припадниците на исламската вероисповед ги извршуваат своите муслимански верски обичаи. Изградена е во 19 век, но прецизни податоци за тоа нема. Првобитната форма…

Емир Ќучук Султанов мост

Ова е мошне важен историски споменик на градот. Се наоѓа на самиот влез во Штип. Според податоците, мостот бил изграден во 1672 година и спаѓа во ретките примероци на турската архитектура. Мостот го добил името по султанот Ќучук Емир. За време на првата Балканска војна преку овој мост поминувала демаркационата линија, која градот го делела…