Музеј

Во археолошкиот комплекс Аневи – Гочеви каде се наоѓа Заводот и Музеј се поставени над 1200 археолошки експонати почнувајќи од неолитот (седмиот милениум пред нашата ера) па се до 18 век. Во комплексот може да се види и неодманешното откритие, насјтариот скелет на човек во ЈИЕ, т.н Славе Македонски.

Тврдината Исар

Тврдината Исар е посебен белег за градот. Тоа е возвишение на 150 метри над нивото од река Брегалница. Во 2009 година истражувачите открија 30 метри од тунелот што води од реката до врвот на Исарот. Со тоа се потврди најраскажуваната штипска легенда за освојување на градот преку таен тунел под Исарот, за кој во 17 век пишувал…

Културно – историски знаменитости

Граѓаните на Штип се горди на културно – историските знаменитости. Штип има развиена мрежа на културни институции од кои позначајни се: НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј каде се чуваат збирки и фондови од областа на археологијата, етнологијата, историјата и уметноста; НУ Библиотека „Гоце Делчев“, која денес има голем опус на издавачка дејност. Повеќе…

Oбичајот „Четрсе“ на листата на УНЕСКО

Националната комисија на УНЕСКО го одбележа воведувањето на првото добро од Македонија на репрезентативната листа на светското нематеријално културно наследство на УНЕСКО – ритуалот „Четрсе“. Апликацијата беше поднесена во 2011 година, а прогласувањето за време на конференција во Баку (2-7 декември 2013). Се работи за уникатен и вековен обичај во Штип, кој се практикува на верскиот празник Св. 40…