Споменик на хероите од конфликтот во 2001

Конфликтот од 2001 год. остави три Штипски семејства без своите храбри синови. На 4 март 2001год., капетанот Кирчо Димитровски (33) загина во реонот на село Танушевци. Беше оженет и зад себе остави два сина. На 3 мај 2001 год. околу 5:40 часот припадници на АРМ во село Ваксинце, Кумановско, влегоа во заседа од група терористи. Во престрелката смртно беа ранети двајца…

Споменик на Евреите

Во чест на депортираните Евреи од Штип во 1985 год. е подигнат споменик. Споменикот е дело на уметникот Методи Андонов и го симболизира животниот пат на Евреите. Линијата на животот е прекината на 11 март 1943 год. кога 551 лица се депортирани од Штип и убиени во концентрациониот логор Треблинка. Споменикот се наоѓа до зградата…

Споменик на паднатите од НОБ

Штипјани активно се вклучуваат во НОБ. Во екот на Втората светска војна во отпорот против фашизмот се вклучуваат околу 2000. При тоа околу 814 лица ги загубиле животите од кои 88 во директен судир со непријателот. Во чест на загубените животи во 1974 год. тогашното Собрание на Општина Штип подигна Меморијален споменик на паднатите борци…

Антички локалитет – Баргала

Античкиот град Баргала и понатаму е главен извор на материјал од антички период. Градот Баргала се споменува и во актите на Халкедонскиот собор од 415 год. Името на градот се споменува и на еден натпис од 371 год., кој претставува спомен – плоча за подигање градската порта. Плочата е најдена во месноста Ханче, на левиот брег на…

Галерии на икони

Желбата пред пошироката јавност да се презентира и да биде достапен до посетителите богатиот фонд на икони, како и сакрални предмети, а истовремено тие да бидат што подобро заштитени и негувани, придонесе да се оформи една галерија на икони сместена во галерискиот простор на црквата Св. Никола во Штип. Галеријата на икони е формирана во 1990…

Свети Јован Крстител

На десната страна на реката Отиња, на јужната страна на Исарот се наоѓа црква посветена на Свети Јован Крстител. Црквата е изградена во 1350 год. Тоа е црквичка со една одаја. Изградена е со поддршка на Јован ПробиштиповиЌ во време кога сопственик на земјиштето бил деспотот Оливер. Денес се видливи само фрагменти од фреско сликарството. Тоа е…

Црква Свети Архангел Михаил

По патот што води кон тврдината на источната страна на ридот, се стигнува до црквата Св. Архангел Михаил што е средновековна црквичка, подигната во првата половина на XIV век, од страна на протосевастот Хрелја, а во 1334 год. е приложена кон Хиландар од страна на Цар Душан. Таа е еднокуполна црква, чија основа е со…

Црква Свети Никола

Еден од најрепрезентативните сакрални објекти во Штип е соборната црква Свети Никола. Изградена е од протомајсторот Андреја Дамјанов на местото на старата Сифиева црква посветена на Св. Никола (1341 год.), од протомајсторот градител Ѓорѓи Новаков – Џонгар. Постои натписна плоча вградена над главниот западен влез, чиј текст вели дека црквата била изградена во времето на Митрополитот…

Црква Свети Спас

На едно израмнето карпесто плато, на левата страна од реката Отиња, е поставена црквата „Свети Спас“. Оваа црква со својата тивка убавина постојано го привлекува погледот и вниманието на минувачите. Тоа е еднокорабна црква за која се смета дека ја подигнал војводата Димитар во 1369 год. Живописот од XIV век не е сочуван. Второто живописување…

Црква Света Богородица (Ново Село)

Црквата „Света Богородица” се наоѓа во Ново Село. Таа е едно од ремек – делата на познатиот македонски мајстор Андреа Дамјанов. Има форма на базилика со трокатни нивелации што му даваат посебен облик на кровот. Внатрешноста е богато украсена со растителни мотиви и животински фигури. Иконостасот е прекрасен дрворез. Според знакот што се наоѓа над…