Секторот за инспекциски работи ги врши следните работи:
- инспекциски надзор од областа на примената на Законот за градење, Законот за просторно и урбанистичко планирање, Законот за домување, деталните урбанистички планови донесени од Советот на општината и Генералниот урбанистички план на Општина Штип;
- инспекциски надзор врз примената на Законот за јавни патишта, Законот за превоз во патниот сообраќај и други прописи што ја регулираат оваа област;
- инспекциски надзор согласно законската регулатива од областа на заштитата на животната средина и природата квалитетот на амбиентот на воздухот, просторното планирање и прописите што ја регулираат оваа област;
- инспекциски надзор во образованието и јавните дејности;
- врши и други работи што ќе бидат ставени во негова надлежност.
- Одделение за градежен, урбанистички и сообраќаен надзор
- Одделение за надзор над животната средина
- Одделение за инспекциски надзор