Одделението за уредување на градежно земјиште, регулација и геодетски работи ги врши следните работи:
- изготвува годишни програми за уредување на градежно земјиште;
- припрема податоци за тендерска документација за уредување на градежното земјиште;
- контрола на градежните работи при уредувањето на земјиштето;
- ја води постапката за обезбедување на потребните согласности и одобренија за уредување на градежното земјиште;
- ги врши подготвителните работи за изработка на проекти за уредување на градежното земјиште;
- ги води работите околу испитување на градежното земјиште од геолошки и технички аспект;
- се грижи за реализацијата на програмата за уредување на градежното земјиште;
- пресметка за наплата на комуналниот надоместок за градба на објекти;
- врши и други работи кои ќе му бидат доверени во негова надлежност.