Почеток на кампањата – Прес конференција:
На 11 ноември во Општина Штип се одржа прес конференција за известување на јавноста за активности со кои на ниво на општина ќе се одбележи месецот за заштита на машкото здравје.
Настаните беа организирани согласно Програмата за еднакви можности за 2024 година. Целта е зачувување на здравјето на машката популација во нашата општина. Под мотото „Направи нешто за своето здравје, не оставај на случајност“ се реализираа низа активности во соработка со ЈЗУ Клиничка блница Штип, Дом на млади и претставници на приватни здравствени организации. На прес конференцијата беа присутни координаторката за еднакви можности на Општина Штип, Снежана Санева, дипломиран специјалист медицинско-лабораториски аналитичар од ЈЗУ Клиничка Болница – Штип, Величе Николова, директорот на ОУК Дом на млади – Штип, Видан Лазарев и спец. по клиничка биохемија д-р Мануела Манова од ПЗУ д-р „Самарџиски“ од Штип.
На прес конференцијата беа најавени настаните кои ќе следуваат :
Скрининг прегледите во ЈЗУ Клиничка Болница Штип
Истите започнаа од 9 ноември и се реализираа сите останатите саботи до крајот на месецот
ноември.
При спроведувањето на скринингот, на пријавените граѓани им беа направени:
– проверка на крв – тумур маркери за канцер на простата , лаборант специјалист Величе
Николова
– ехо на простата со рест урина специјалист рендгенолог д-р Севда Гацова
– консултативен преглед со специјалист уролог д-р Благоја Здравев.
Бесплатен скрининг беше спроведен на 61 пријавен граѓанин,
Беше објавен телефонски број за пријавување: 078 482 662
Предавања и забавен дел во ОУК Дом на млади – Штип
И општинска установа Дом на млади се вклучи во кампањата со организирање на промотивен настан кој се реализираше на 14 ноември со почеток во 18 часот. Настанот го отвори директорот на ЈЗУ Клиничка Болница Штип , д-р Владко Захариев, кој воедно се вклучи во целокупната организација на одбележување на Месецот на машкото здравје. Предавањата ги одржаа доктори специјалисти кои подетално зборуваа за превенција од ова заболување, а имаше и психолог Весна Трајковска која зборуваше за менталното здравје на мажите и за психичката состојба во која се наоѓаат заболените од оваа подмолна болест. Учесници излагачи беа:
Специјалист уролог Д-р Благој Здравев
Специјалист уролог д-р Алекасндар Начев
Специјалист кардиолог д-р Борислав Манев од ПЗУ д-р Самарџиски
Специјалист по клиничка биохемија д-р Мануела Манева Ристова од ПЗУ д-р Самарџиски
Весна Трајковска – диполмиран психолог
На предавањето на присутните им беа поделени промотивни печатени материјали од Општина Штип, за превенција од канцер на простатата. На крај, настанот беше заокружен со забавен дел и дружење на присутните.