ул. Васил Главинов 4Б, 2000 Штип • +389 32 22 66 50
Република Северна Македонија

Општина Штип

Проекти• Соопштенија

ПОКАНА ДО ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ОД ОПШТИНА ШТИП (ReLOAD 3)

ПОКАНА ДО ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ОД ОПШТИНА ШТИП (ReLOAD 3)

Општина Штип ги повикува заинтересираните граѓански организации да се вклучат во вториот циклус на финансирање во рамките на проектот ReLOaD 3 – Регионална програма за локална демократија која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

По тој повод, на 05 Октомври 2026 година (понеделник), со почеток во 12:00 часот, во Сала 2 ( кат) на Општина Штип, ќе се одржи информативна сесија на која граѓанските организации ќе се запознаат со можностите за финансирање, условите и критериумите за учество, како и со начинот на подготовка и поднесување на проектните предлози.

Информативната сесија ќе биде можност за граѓанските организации да добијат дополнителни појаснувања и да постават прашања во врска со процесот на аплицирање.

Вашето учество е од голема важност за успешна соработка и обезбедување транспарентен, инклузивен и ефикасен процес на планирање и финансирање на проекти кои се од интерес за граѓаните и општината. На дебатата ќе бидат разгледани приоритетите од областа на:

  1. Социјална инклузија и поддршка на ранливи групи;
  2. Животна средина и одржлив развој;
  3. Младински  развој, образование и активизам;
  4. Култура, уметност и заштита на културно  наследство;
  5. Локален економски развој и иновации.

Општина Штип ги охрабрува граѓанските организации да ги искористат можностите што ги нуди програмата и со своите идеи и иницијативи да придонесат кон создавање поактивна, инклузивна и одржлива локална заедница.

Информативна сесија:

Датум: 05.10.2026 година (понеделник)

Време: 11:00 часот

Место: Сала 2 (  кат) на Советот на Општина Штип, ул. Васил Главинов 4Б, 2000 Штип, Северна Македонија

⇓ ПОКАНА ДО ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ОД ОПШТИНА ШТИП

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
Започни бизнис
Поволности – ТИРЗ
Започни бизнис
Упис на ДОО/ДООЕЛ
Започни бизнис
Упис на трговец – поединец