Општина Штип во рамките на програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија го имплементира проектот „Трансформација на урбани локалитети со зелена инфраструктура“. Со цел успешна реализација на проектот, Општина Штип има потреба од ангажирање на експерт за подготовка на тендерска документација за поедноставена постапка на набавка на градежни работи со повеќе лотови согласно ПРАГ процедурите. Тендерското досие е достапно на увид во Проектна канцеларија, ул. Васил Главинов бр.4Б канцеларија број 421, 2000 Штип и објавено на веб-страната на Општина Штип: https://stip.gov.mk/ .
Краен рок за поднесување на понудата е 12.09.2024 година до 15:30 часот. (локално време). Евентуалните дополнителни информации или појаснувања/прашања ќе бидат објавени на веб-страната на Општина Штип: https://stip.gov.mk/