ул. Васил Главинов 4Б, 2000 Штип • +389 32 22 66 50
Република Северна Македонија

Општина Штип

Проекти

Консултативна анкета за планирање на зелена инфраструктура во Источниот плански регион

Консултативна анкета за планирање на зелена инфраструктура во Источниот плански регион

Општина Штип и Центарот за развој на Источен плански регион во партнерство со Општина Гоце Делчев, Р. Бугарија, го спроведуваат проектот “ТРАНСФОРМИРАЊЕ НА УРБАНИТЕ ДЕЛОВИ СО ЗЕЛЕНА ИНФРАСТРУКТУРА” EcoScape BGMK0300060, финансиски подржан од Програмата за прекугранична соработка Интеррег-ИПА Бугарија-Северна Македонија INTERREG VI-A IPA 2021-2027.

Целта на проектот EcoScape, е одржлив развој на регионот преку спроведување на иницијативи насочени кон подобрување на урбаната средина во целниот прекуграничен регион како и справување со економски, социјални и територијални диспаритети. Од проектот EcoScape се очекува да се предложат најсоодветни инвестиции за подобрување, пред се на квалитетот на живот на населението и решавање на јазови на територијални разлики.

Една од главните активности на проектот EcoScape, е спроведување на процесот за изработка на првата Заедничка стратегија за зелена инфраструктура (2025 – 2035) за Источен плански регион и Општина Гоце Делчев.

За таа цел, Општина Штип, ги поканува сите заинтересирани претставници од јавни, образовни и невладини организации во рамки на општината и регионот, да земат учество во консултативниот процес со пополнување на кратка анкета преку скенирање на QRcode!

Доколку Ви се потребни дополнителни информации во врска со анкетниот прашалник, Ве молиме контактирајте не: info@stip.gov.mk.

Оваа консултативна анкета за стратешко планирање на зелена инфраструктура во Источниот плански регион е од големо значење за процесот на изработката на првата заедничка стратегија.

 

Ви благодариме за соработката!

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
Започни бизнис
Поволности – ТИРЗ
Започни бизнис
Упис на ДОО/ДООЕЛ
Започни бизнис
Упис на трговец – поединец