Денес официјално ја отворивме Текстилијада 7 со откривање на уметничкото дело “Корени на традицијата”, заедно со Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, Амбасадорката на Шведска во Македонија, Н.Е. Г-ѓа Ами Ларсон Јаин, Кристина Ампева, Гласен Текстилец и присуствуваме на Интернационалниот форум на тема ”Презентација на падот и подемот на текстилната индустрија во градот Борос”, каде како говорници ги проследивме Christian Lundell, Sara Anderson Советничка во Градскиот Совет на Борос и Вишна Шорова – Ангелова, Секретар на Општина Штип, од кои научивме позитивни примери за тоа како бизнис заедницата, работниците и локалната власт сакаат силен текстилен сектор, со квалитетни и иновативни продукти, кои ќе привлечат нови инвестиции и ќе бидат препознаени во глобалниот текстилен сектор.
“Текстилијада 7″ беше поводот Општина Штип да биде домаќин на делегација од Борос, Шведска која овие денови ќе престојува во Штип, на низа настани поврзани со текстилната индустрија како и подигнување на свеста за важноста од застапувањето на правата на работниците.
Заедно со Здружението за заштита на работничките права ,,Гласен текстилец” беа разменети искуства бидејќи само со учење од позитивни примери и соработка на сите засегнати страни можеме да придонесеме за подобро утре.