Утре, среда (13 септември) со почеток во 09:30 часот во просториите на Општината Штип ќе се одржи работилница на тема „СОРАБОТКАТА НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА СО НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ И ПРИДОБИВКИТЕ ОД ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈАТА ЗА ГРАЃАНИТЕ“. Работилницата е во организација на канцеларијата на Народниот правобранител и е дел од ИПА проектот „Владеење на правото“, а ќе ја отворат народниот правобранител г.Насер Зибери, министерот за локална самоуправа г.Ристо Пенов и градоначалникот на Општината Штип г.Иван Јорданов.
На темите ќе зборуваат градоначалниците на Општините Свети Николе г.Дејан Владев и на Пробиштип г. Драган Анастасов. За работата на Народниот правобранител, на локално ниво, ќе зборува заменик-народниот правобранител г.Јован Андоновски, а во дискусијата ќе се вклучат и претставници на невладиниот сектор.
За оваа цел покануваме новинари, сниматели и фоторепортери.
Оддел за односи со јавност
НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ