Се известува засегнатата јавност, дека на веб страната на Општина Штип, на следниот линк:
е објавен Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на животната средина од спроведување на Регионалниот план за управување со отпад за Источниот и Североисточниот регион, изработен во рамки на проектот „Поддршка на имплементацијата на регионалните системи за управување со отпад во Источниот и Североисточниот регион” (NEAR/SKP/2022/EA-RP/0137), финансиран од Европската Унија преку Инструментот за претпристапна помош (ИПА), и по истиот може да се доставуваат забелешки од страна на сите заинтересирани лица, најдоцна до 26.06.2026 година на следните е-маил адреси: eastregion@eastregion.mk и на trajce.zdravkov@eastregion.mk.
Воедно, Ве информираме дека нацрт – извештај за стратегиска оцена на животната средина од спроведување на Регионалниот план за управување со отпад за Источниот и Североисточниот регион се достапни и во печатена верзија во работните простории на Центарот за развој на Источен плански регион – Штип, седиште ул: Ванчо Прке бр. 119, 2ри кат, 2000 Штип.

