Летната тераса е целосно реконструирана, а легендрната група “Леб и сол“ вечерва со концерт и официјално ќе ја отвори летната сезона, музички концерт на кој ќе ги одсвират своите најголеми хитови.
Дом на млади е институција која низ времето оставила белег на овој град, а ние како локална самоуправа имаме за цел да го вратиме имиџот на оваа институција, со што повторно штипјани ќе имаат задоволство да се забавуваат со концерти на групи како што е “Леб и Сол”.