Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов ги пречека и прими во својот кабинет, а воедно им се зблагодари од лично име но и од име на штипјани за нивната пожртвуваност, хуманост и подготвеност да бидат едни од првите пожарникари кои во состав на Републичите сили за заштита и спасување заминаа да помогнат со справувањето на оваа природна катастрофа.
Општина Штип донесе одлука овие пожарникари да добијат награда во износ од една просечна плата како благодарност за нивната пожртвуваност.