Во насока на подобрување на јавната безбедност со дефинирање и интензивирање на нови активности, во просториите на Општина Штип на 16.03.2022 година се одржа работен состанок на Локалниот совет за превенција на Општина Штип.
Целта на Локалниот совет за превенција e подобрување на јавната безбедност на подрачјето на општината, како и градење на доверба и партнерски односи во превенирањето на појавите кои влијаат на јавната безбедност. Локалниот совет за превенција ќе помогне во справување со проблемите од безбедносен карактер преку собирање на жалби, барања и информации од граѓаните, споделување на информации со сите членови на локалниот совет, а по направените анализи, проценки и градење на стратегија ќе почне со соодветно заедничко дејствување. Преку соодветна координација и поврзување на засегнатите институциии со општината ќе се зајакне заедничката комуникација и взаемно и успешно решавање на тековните проблеми кои се провлекуваат низ годините.