Една Јапонска поговорка вели: „Секое долго патување, секогаш започнува со еден краток чекор“.
„Патувањето“ на Општина Штип со Амбасадата на Јапонија во Македонија започна уште во 2000 година, кога го реализиравме првиот проект и се’ до денес, вклучувајќи го и грант-договорот за набавка на мобилен рендген апарат во износ од 56.000 евра, обезбеден преку Јапонската амбасада во Македонија, имаме реализирано дури 5 проекти.
Меѓутоа, најголем доказ колку Општина Штип е сериозен партнер во односите со Јапонија се одвоените 5 милиони евра од Јапонската Агенција за меѓународна соработка „Џајка“ за доградба и адаптација на Филтер станицата за приклучување кон ХС Злетовица. Со овој проект, ние во Штип го решивме 50 годишниот проблем со водоснабдувањето на општината, проект кој минатата недела почна да функционира, меѓутоа она што не смееме да го заборавиме е дека токму е јапонскиот народ овозможи на штипјани да имаат стабилно и квалитетно водоснабдување.
На Општина Штип и Јапонската амбасада им следува уште долг период за реализација на заеднички проекти, меѓусебна соработка и заеднички визии за напредок