Во рамките на Проектот „Управување со отпад од пакување од стакло во Западен Балкан“ изработени се неколку промотивни видеа кои треба да придонесат за зајакнување на свеста на граѓаните за што помасовно селектирање на стаклената амбалажа и нејзино исфрлање во контејнерите (зелените ѕвона) што беа обезбедени токму за таа намена, преку овој Проект.
Овој Проект е финансиран од страна на германското Сојузно министерство за економска соработка и развој (БМЗ) и Пакомак, во рамки на програмата develoPPP кој се спроведува во соработка со Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ), Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) и Пакомак.