Општина Штип, во соработка со општествено одговорни компании од нашиот град, во текот на денешниот ден го реализираше проектот “Сите заедно, за безгрижни Божиќни празници”.
На нашите сограѓани од социјален ризик им беа поделени 200 Бадникови пакети, за заедно со своите семејства, во пријатна празнична хармонија и топла трпеза ги поминат Божиќните празници.