На огромно задоволство на Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов, денес гости во неговиот кабинет беа младите борачи од БК Олимпија, кои викендов на Меѓународниот турнир во борење за млади „Трофеј Победник 2021“ го закитија нашиот град со 7 златни, 2 сребрени и 2 бронзени медали.
Градоначалникот истакна дека во надерниот период планира превземање на сериозни чекори за унапредување на спортот и мотивирање на младите таленти.