Заменик градоначалникот, Јане Миланов како просветен работник упати честитка по повод Светскиот ден на учителот, до секој еден чинител на наставниот кадар ширум нашите образовни установи, кој се посветил на оваа одговорна и пред се’ хумана професија.
,,Да се биде наставник, значи да се биде родител и надвор од дома. И другар и педагог. Да се биде наставник во време на светска пандемија пак, е мултидисциплинарен предизвик, кој на моменти ќе ве стави и во улога на здравствен работник или на информатичар. Но, на крајот на денот, нема ништо повредно од насмевка за признание од ученик или од родител.
Нека ни е честит Денот и заедно да се бориме за уште поголемо унапредување на институцијата ‘наставник’, а со тоа и за континуитет во подобрувањето на квалитетот на целокупниот образовен систем воопшто.”