Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски беше во посета на Општина Штип.
По средбата со в.д. Градоначалникот на Општина Штип, Јане Миланов имаа заедничка изјава во врска со капиталните дотации од Владата за Општина Штип, кои ќе бидат наменети за изградба на конзоли на река Отиња.
В.Д. Градоначалникот на Општина Штип, Јане Миланов истакна благодарност до Владата за одвоените средства, за овој значаен проект за Штип.
„Проектот е влезен во планот на програми за развој со тригодишна динамика на реализација, односно фазно дел по дел. Првата фаза ќе биде левиот дел на река Отиња, од мостот кај црквата „Св.Никола“ до мостот кај Основен суд Штип, односно по улицата Васил Главинов од страната на зг
https://outlook.live.com/283ed9c9-8a5d-4c7b-b3f4-31eacaedcf60” width=”32″ height=”32″ border=”0″> DSC_1833.JPG
радата на Општина Штип. Владата за овој проект одвои 9.000.000 денари.
Со овој проект ќе се ослободи уште една лента и со тоа се намалува сообраќајниот метеж,“ истакна Миланов.
Министерот Бочварски истакна дека Владата преку Министерство за транспорт и врски инвестира во уште еден значаен проект за Штип.
„Со ова се покажува вистинска грижа за граѓаните на Општина Штип. Конзолното паркирање ќе овозможи уште една лента од мостот кај црквата „Св. Никола“ кон Клиничката болница и се растеретува сообраќајниот метеж,“ кажа Бочварски.
Дополнително министерот Бочварски ја извести јавноста за изборот на најповолен понудувач кој ќе ја гради браната на река Отиња.
„Постапката е во фаза на евалуација на понудите, досега се пријавени 5 економски оператори.
Се надевам дека крајот на декември или почетокот на јануари веке ќе имаме потпишано договор со фирмата изведувач на најзначајниот проект за Штип и штипјани – брана на река Отиња,“ додаде Бочварски.