Општина Штип денеска доби готови проекти за изработка на секундарна гасификациона мрежа. В.Д. Градоначалникот на Општина Штип, Јане Миланов заедно со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски дадоа изјави за медиуми во врска со постапката која следува за проектот гасификација.
„Станува збор за три проекти, основен, идеен и инфраструктурен проект и со ова сме чекор поблиску до остварување на онаа желба на граѓаните на Штип, за гасификација на градот. Тоа е наше ветување коешто практично го реализираме,“ истакна В.Д. Градоначалникот, Миланов.
Граѓаните на општина Штип ќе има голем бенефит од гасифицирање на градот, а овој проект ќе се реализира во соработка со Министерство за транспорт и врски.
Овие три проекти чинеа околу 2,6 милиони денари.
Министерот Бочварски истакна дека оваа информација е многу важна за Владата а и за Општина Штип.
„Ќе имаме концесионер којшто ќе влезе и ќе ја гасифицира целата држава, односно сите градови. Такашто таа постапка паралелно е во тек преку Министерство за економија и очекувањата се дека, првиот квартал од 2021 ќе имаме информација кој ќе биде приватниот партнер преку процесот на Јавно приватно партнерство. Драго ми е што Општина Штип е подготвена општина,“ истакна Бочварски.