Денес решивме еден долгогодишен проблем.
Извршена е корекција на плаќање на 20 отсто согласно Законот за пожарникарство, пресметаните јануарски плати на пожарникарите, во февруари ќе бидат пресметани, поточно корегирани, со нов бод.
По потпишување на правилникот, бодот на плати којшто досега беше 76.93, сега е 81.6.
Со ова исправивме една неправда којашто се провлекуваше низ годините наназад.
Имено, до 2017 година, ништо не беше решено во поглд на исплатите коишто на пожарникарите им следуваа по Закон.
Таквата неодговорност ја чинеше Општина Штип, 20 милиони денари, пари коишто Општината ги исплати по однос на тужби од ТППЕ.
Конечно, ставаме крај на игнорирањето на овој проблем и согласно Законот продолжуваме со безрезервна поддршка на пожарникарите, секако покрај то што и законски им следува.
Општина Штип е втора Општина по Град Скопје, којашто одлучно пристапи кон решавање на овој проблем, којшто сега го оставаме зад нас.