Денес во Општина Штип традиционално се одржа манифестацијата „Спротист на годината„.
Бројот на присутните беше ограничен, манифестацијата се одржа согласно сите здавствени мерки и протокли, а признанија беа доделени на повеќе спортисти и спортски работници од различни категории. Комисијата за избор на спортист на годината во Општина Штип го избра Емил Павлов, нашиот повеќекратен европски првак.
Градоначалникот на Општина Штип Д-р Сашко Николов ја истакна својата континуирана поддршка за спортот и изјави дека Општина Штип согласно Програмата за активности од областа на спортот и во 2021 година ќе продолжи да ги стимулира сите предвидени активности и да прави соодветна афирмација на сите постигнувања.
„Дозволете да упатам срдечни честитки до сите вас и да ви посакам уште многу успеси. Сите вие сте млади, а веќе доволно истакнати. Вашите успеси се слика на нашиот град. Вие сте одраз на приматот што го има Штип како универзитетски, културен и спортски град. Порачувам сите вие да бидете пример за сегашните и идните генерации. Нашиот град се гордее со вас. Ние како општински тим сме горди на вашите резултати.“ истакна Д-р Сашко Николов во своето обраќање.