На ден 20.03.2021 година се одржа координативен состанок на општинскиот кризен штаб за заштита и спасување при Општина Штип.
На овој состанок се разговараше и анализираше актуелната состојба со Ковид-19 кризата на локално ниво, како и превземање на мерки важни за заштита на граѓаните.
Општинскиот штаб за заштита и спасувње ги донесе следните заклучоци:
– Состојбата со Ковид 19 кризата на територија на Општина и покрај зголемените бројки на ново заразени е стабилна и под контрола;
– Состојбата со училиштата кои работат со физичко присуство како и состојбата во градинките е стабилна и под контрола;
– Задолжително почитување на мерките за држење дистанца, забрането групирање на повеќе од 4 лица и задолжително носење на заштитна маска;
– Забрана за традиционалното одбележување и искачувње на тврдината „Исар“ по повод денот на пролетта 22 Март и празникот „Четр’се“, како и забрана на поставување на секаков вид на тезги и вршење на продажба;
– Општинскиот кризен Штаб заедно со овластен сообраќаен инспектор и претставници на СВР Штип ќе врши засилени контроли на јавниот превоз на работниците на територија на Општина Штип.